>>>>> (English below)
Просторно, салата се состои од 3 целини: гледалиште, партер/сцена и бина. По потреба, на партерот/сцената може да се постави балетски под со димензии 8х10м. Освен на бината, која е обложена со темно сив теписон, другите два дела на салата се прекриени со црн дрвен под. Гледалиштето е поставено на 8 скалила со длабочина од 90 цм и висина од 12 цм, кои според видот на настанот исто така можат да се користат како активен простор. Салата поседува современ систем за ладење и греење, кој се активира најмалку 2 часа пред почеток на активноста. Просторот е особено погоден за театарски и танцови претстави и перформанси, филмски проекции, конференции, јавни дискусии, книжевни промоции и концерти.
- Капацитет на гледалиште (по целини):
Гледалиште: 165 седишта (цело гледалиште, без простор за поминување на средина)
Партер: 100-120 седишта
Бина: 40 седишта
The space is divided in three sectors: an audience, a performing space and a small stage. If necessary, ballet floor with dimensions 8×10 m can be set up on the stage. Apart from the small stage, which is covered with dark gray carpet, the performing space and the audience are covered with black wooden floor. The audience is set up on movable seats on 8 steps with depth of 90 cm and height of 12 cm, which according to the type of event can also be used as an active space. The whole space has a modern cooling and healing system, which is activated at least 2 hours before the start of the event. This space is especially suitable for theater and dance performances, movie projections, conferences, public debates, book promotions and concerts.
- Audience capacity (in sectors):
Audience: 165 seats (the whole audience, with no space for passing in the middle)
Performing space: 100- 120 seats
Small stage: 40 seats