МакеДокс кино-викенд #2

EN↓Вториот МакеДокс кино викенд продолжува каде што застана. Подготвени се два документарни филма, едниот за старата југословенска кинематографија а другиот за актуелниот белоруски „Слободен театар“. Овојпат проекциите ќе бидат во кино „Култура“, пригодно за спојот на старото кино и новиот театар. А кога сме кај старото, на 6ти ќе си направиме и журка со грамофонски плочи. Донесете и вие некоја.

Ајде… на кино, на театар!

06.05.2016 – Петок
21:00 – „Синема Комунисто” (Србија/2010/100′)

07.05.2016 – Сабота
21:00 – „Опасни дела“ (САД/2013/76‘)

Билети:
100 ден. со резервација на contact@makedox.mk
(испратете име/презиме и наслов на филм)
150 ден. на врата

„Синема Комунисто“

Сместен во топ-листите на „Вол стрит џурнал“ како филм кој не смее да се пропушти, ова наградувано остварување на Мила Турајлиќ, преку инсерти на десетина југословенски филмови, ексклузивни интервјуа и архивски снимки од филмски снимања и Титовите приватни проекции, создава слика за Југославија – онаа официјалната и скриената зад кулисите. „Синема Комунисто“ ги истражува митовите кои ги поддржувала Југославија, но и начинот на кој фикцијата и реалноста се разминуваат сè до конечниот колапс. Денес, од тоа се останати само сценографии во распаѓање, заборавени филмски студија и филмски инсерти за земјата која повеќе не постои. Во филмот ќе ги слушнете приказните на Лека Константиновиќ, лично задолжен за филмските проекции на Тито цели 32 години и човек кој проектирал 8.801 филм за Тито, актерот Бата Живојиновиќ, лицето на Југословенската кинематографија и најпопуларен актер во Кина, режисерот Вељко Булајиќ, кој зборува за своите филмови, но и за постерите за неговиот филм номиниран за Оскар „Битката кај Неретва“, кои ги дизајнирал Пабло Пикасо.

Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=cnOnpix3Nbo

„Опасни дела“

Прошверцувани снимки и нецензурирани интервјуа направени од граѓани и режирани преку Скајп нè водат директно на улиците во Минск и зад кулисите на Белорускиот слободен театар. Оваа „подземна“ театарска трупа, составена од 35 уметници од САД, Велика Британија и Нигерија, станува една од светски најсубверзивните зашто решава по секоја цена да му се спротивстави на т.н. „последен европски диктатор“ – Александар Лукашенко. Ги обединува креативниот пркос и неиздржливата глад за слобода. Апсени, затворани и прогонувани, но никогаш замолчани, тие упорно ја шират најгласната критика против репресивниот режим во Белорусија.

Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=sqf5G_mpaT8


EN» The second  MakeDox movie weekend continues where he left. There are two documentaries, one about the old Yugoslav cinematography and the other for the current Belarusian “Free Theatre”. This time, the projections will be in cinema “Kultura” convenient for the fusion of  the old cinema and new theater. Speaking of old, on the 6th we will make your party with gramophone records. Bring your own!

Come.. on a movie.. on theater!

06.05..2016 – Friday
21:00 – “Cinema Comunisto” (Serbia/2010/100′)

07.05.2016 – Saturday
21:00 – “Dangerous Acts” (USA/2013/76‘)

Tickets:
100 den. ticket reservation at contact@makedox.mk
(send us your name/surname and the movie title)
150 den. on day of the event

“Cinema Comunisto”

When history has a different script from the one in your films, who wouldn’t invent a country to fool themselves? The collapsing sets of Tito’s Hollywood of the East take us on a journey through the rise and fall of the illusion called Yugoslavia. Exploring the ruins of the forgotten film sets and talking to directors, producers, policemen and Tito’s projectionist about the state run film studios and Tito’s personal love for cinema and it’s stars, ‘Cinema Komunisto’ uses film clips to go back to the film when ‘His story’ became the official history.

Trailer: https://www.youtube.com/watch?v=cnOnpix3Nbo

“Dangerous Acts Starring the Unstable Elements of Belarus” (USA/2013/76‘)

Smuggled footage and uncensored interviews made by citizen journalists and directed via Skype take us in the streets of Minsk and behind the scenes with the Belarus Free Theatre. This “underground” theatre troupe, consisted of 35 performers from USA, Great Britain and Nigeria, has become one of the most subversive ones in the world when it decided to defy “Europe’s last dictator” – Alexander Lukashenko. United by their unbearable hunger for freedom and creative expression, they have been arrested, imprisoned and exiled but never silenced. In spite of all risks, they continue to be the fiercest critics of the current Belarusian repressive regime.

Trailer: https://www.youtube.com/watch?v=sqf5G_mpaT8