Премиерна проекција на филмот Change Itself – An Art Apart: Genesis Breyer P-Orridge

EN↓ Стотројка има чест да ве покани на последниот во низата настани што го најавуваат големото славење на јубилејот 25 ГОДИНИ КАНАЛ 103 (МКЦ, 14 мај) – скопската премиера на филмот:

CHANGE ITSELF – AN ART APART: GENESIS BREYER P-ORRIDGE

Документарен филм посветен на GENESIS BREYER P-ORRIDGE, уметник, изведувач, музичар, основач на Thee Temple ov Psychick Youth, Throbbing Gristle и Psychic TV… или како милува да се нарекува културен инженер.Филмот е од 2016 година, во режија на Carl Abrahamsson, Шведска. Прикажан е само во Копенхаген, што значи дека ова практично претставува негова втора светска проекција – мал ексклузивитет по повод 25 години Канал 103.

За филмот неговиот автор ќе каже:
“…Како да се направи филм за некој со толку авантуристички живот и 50 години продуктивност? Genesis веројатно заслужува една цела серија на документарни филмови, но јас барем се обидов да го прикажам најкарактеристичното во еден единствен филм. Не е лесно! …
…Да се сумира животот и работата на Британскиот уметник Genesis Breyer P-Orridge е речиси невозможно. Не само поради широкиот спектар на уметнички дисциплини, но и поради временскиот период, од средината на 1960-тите до денешен ден, кој е заситен од стотици плочи, илјадници концерти, изложби, интервјуа, видео записи, говорни перформанси, колажи, скулптури, филозофија, културен инженеринг, окултизам и радикални транссексуални концепти. Неколку описи сеуште се валидни по овие 50 години на активна креативност и провокација. P-Orridge е романтичен егзистенцијалист и културен инженер…”

Проекцијата на филмот е во соработка со Кино Култура.
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН.


EN» Kanal 103 is pleased to invite you to the last in a series of events, that announce the grand celebration of the 25 YEARS KANAL 103 (MKC 14 May) – Skopje premiere of the film:

CHANGE ITSELF – AN ART APART: GENESIS BREYER P-ORRIDGE

Documentary dedicated to GENESIS BREYER P-ORRIDGE, artist, performer, musician, founder of Thee Temple ov Psychick Youth, Throbbing Gristle and Psychic TV … or as he likes to be called cultural engineer. The movie is from 2016, directed by Carl Abrahamsson, Sweden. Shown only in Copenhagen, which means that it is practically his second world projection – a small exclusive marking 25 Kanal 103.

The movie’s author says:
“… How to make a film about someone with such an adventurous life and 50 years of productivity? Genesis probably deserves a whole series of documentaries, but I at least I tried to show the most characteristic in a single film. It’s not easy! ..
… To sum up the life and work of  the British artist Genesis Breyer P-Orridge is almost impossible. Not only because of the broad range of artistic disciplines, but also because of  the period from the mid 1960s to the present day, which is saturated by hundreds of plates, thousands of concerts, exhibitions, interviews, videos, voice performance, collage, sculpture, philosophy , cultural engineering, occultism and radical transgender concepts. Several descriptions are still valid after 50 years of active creativity and provocation. P-Orridge is romantic and existentialist cultural engineer … ”
The screening of the movie will be organized  in collaboration with Kino Kultura.