Повик за работилница – Барајќи ја Антигона

EN↓ 13.05.2016 Повик за работилница

Барајќи ја Антигона: ново пишување на Антигона преку истражувањa направени во седум земји

Опис
Поддржана од Женевската фондацијата Lombard Odier Foundation, оваа работилница има за цел да ја истражува релацијата помеѓу младата генерација и универзалните и секогаш актуелни теми што ги отвара античката драма на Софокле.
Прашањата за правото на избор, идентитетот, жртвувањето, како и индивидуалната слобода која се соочува со тоталитарната моќ, ќе бидат клучни теми на оваа работилница. Преку разни театарски средства ќе се обидеме да откриеме како се одразуваат тие на денешната младина, кое е нивното значење денес и како истите се манифестираат во различни земји како Грција, Македонија, Кипар, Германија, Франција, Босна, Србија и Северна Ирска.
Постигнатите резултати ќе бидат документирани и ќе послужат како основа за креирање на нова адаптација, од која подоцна во Женева ќе се реализа театарска претстава.

Услови за учество и термини
Работилница ќе се одвива на англиски јазик, под водство на Ана Розман – Кис. Учеството е бесплатно и претходна подготовка не е потребна. Исто така учесниците не мора да имаат претходно искуство во областа на театарот, ниту да ја имаат прочитано драмата. Право на учество имаат млади луѓе, професионалци или аматери, на возраст од 15 до 30 години.
Работилницата ќе се одржи во петок на 13 Мај и ќе трае еден ден, или вкупно четири и пол работни часа. Терминот за почеток е 13:00 часот.
Користејќи се со методите на Theatre in Education и Forum Theatre, работилницата ќе се одвива низ дискусии, вежби, импровизации, креaтивно пишување, ќе се чита и интерпретира текст.

Сите заинтересирани можат да се пријават на: kinokultura2015@gmail.com
Бројот на учесници е ограничен.

Кратка биографија на Ана Розман – Кис
Ана Розман – Кис во моментов живее и работи во Женева. Уште од рани години почнува да се занимава со театар и работи на претстави во повеќе театарски училишта, како и во разни театарски компании во Женева. Потоа оди во Будимпешта каде што завршува на отсекот за театарска социологија и педагогија, а подоцнна учествува во осмислување на младинските програми во некои од најзначајните тамошни театри како што се Katona Joysef Theater i Schilling Arpads Kretakor. Продолжува да работи во оделот за театарска педагогија во Grips Theatre во Берлин. Нејзина прва режија, работена како независен театарски проект е претставата Хамлет од Вилијам Шекспир, која била селектирана во програмата на Националниот младински фестивал во Швајцарија. Исто така, таа има работено со бегалци и мигранти во прифатилиштата во Женева, каде предавала француски и држела театарски работилници.


EN» Call for workshop

Looking for Antigone: a new writing Antigone through researches done in seven countries

Description
Supported by the Geneva Foundation Lombard Odier Foundation, this workshop aims to explore the relationship between the young generation  and the universal, always current topics that  the ancient drama of Sophocles opens.
Questions of right of choice, identity, sacrifice, and individual freedom which is facing a totalitarian power will be key topics at this workshop. Through various theatrical means we will try to find out how they reflect today’s youth, what is their relevance today and how they manifest themselves in different countries like Greece, Macedonia, Cyprus, Germany, France, Bosnia, Serbia and Northern Ireland.

The achievements will be documented and will serve as the basis for creating a new adaptation, from which, in Geneva will be realized a theater performance.

Conditions for participation and terms
Workshop will be conducted in English, led by Ana Rozman – Keys. Participation is free and preparation in advance is not required. Also, the participants do not have to have prior experience in the theater, or have read the play. Participation is open to young people, professionals or amateurs, aged 15 to 30 years.
The workshop will be held on Friday, May 13 and will last one day, or a total of four and a half hours. The term to start is 13:00.
Using the methods of Theatre in Education and Theatre Forum, the workshop will take place through discussions, exercises, improvisations, creative writing and interpretation of a text.

Anyone interested can register at: kinokultura2015@gmail.com
The number of participants is limited.

————————————–

CV Ana Rozman – Keys

Ana Rozman – Keys currently lives and works in Geneva. Since the early years began to deal with theater and working on performances in several theater schools as well as in various theater companies in Geneva. Then go to Budapest where she graduated from the department of sociology and theater pedagogy and podocnna participate in planning youth programs in some of the most important domestic theaters such as Katona Joysef Theater and Schilling Arpads Kretakor. She continues to work in the department of theater pedagogy Grips Theatre in Berlin. Her first directing project, worked as an independent theater project is the play Hamlet by William Shakespeare, that was selected in the program of the National Youth Festival in Switzerland. She also has worked with refugees and migrants in shelters in Geneva, where she taught French and gave theater workshops.