Blackout Poetry Работилница

EN↓14.05.2016 Страница со текст и црн маркер: Ова се двете алатки кои ќе ви бидат потребни за да создадете Blackout poetry. Тука следува играта во која некои од зборовите исчезнуваат, а други пак се издвојуваат.
Ако сте љубопитни да ја пробате оваа техника на создавање поезија, ве очекуваме на работилницата за Blackout poetry во сабота 14ти мај, во Кино Култура.

Времетраењето на работилницата ќе биде околу два часа, со почеток во 12 часот.
Ние ќе ги обезбедиме потребните материјали, страници со текст и маркери, а на вас останува да понесете добро расположение и желба за креативност.
Работилнцата ќе ја водат Илона Олехлова ( тренер, младински работник) преку користење на методи за креативно пишување, алатки и техники за млади, но и за возрасни и Марија Павлеска.


EN>> Page with text and black marker: These are two tools that you require to create Blackout poetry. Than, follows the game in which some of the words disappear, but others stand out.
If you are curious to try this technique of creating poetry, we expect to Blackout poetry workshop Saturday 14th May at Kino Kultura.

The duration of the workshop will be about two hours, starting at 12 o’clock.
We will provide the necessary materials, text pages and bookmarks, an on you is just to  take a good mood and desire for creativity.
The workshop will be leaded by Ilona Olehlova (trainer, youth worker) using the methods of creative writing, tools and techniques for youth, but also for adults and by Maria Pavleska.