EN↓16.05-20.05 2016 После успешната промоција на прирачниците наменети за градинки: „Како да ги запознаеме децата со тетарот и театарот со децата“ и „Вежбанка за движење и за танц“, Номад Танц Академија- Скопје, Локомотива и Кино Култура ќе ја реализираат танцовата интерактивна инсталација за деца „Музеј на танцот“
Од 16 до 20 мај 2016 година, танцовата инсталација “Музејот на танцот” ќе се постави во Кино Култура како дел од програмата „Заедно“ – анимациска и едукативна програма за креативен развој на децата и програма наменета за пошироката општествена заедница.
“Музеј на танцот” е инсталација инспирирана од историјата на танцот и кореографијата, и е наменетa за деца на возраст од 3 до 7 години. Автори се Викторија Илиоска, Климент Попоски и Елена Ристеска. Изведувачи – Бобан Кулески и Сабрина Железник
Оваа инсталација има за цел да обезбеди стимулативно интерактивно искуство кај децата, преку кое тие ќе се запознаат со современиот танц. “Музеј на танцот” е конципиран како просторна инсталација која се состои од четири сегменти. Секој сегмент овозможува различни и специфични начини за стимулирање на перцепцијата, и предлага несекојдневна средба на децата со танцот која се базира на директното искуство, физичка посветеност и креативност.
Инсталацијата ке биде поставена секој ден од Понеделник до Петок во три термини ( од 11:00; 13:00 и 15:00 часот) а во среда (18 мај) и четврток (19 мај) ќе има дополнителни попладневни термини од 18:00 часот. Посетите се организирани во временски циклуси од 40 минути. Поради просторната и концептуалната поставеност на инсталацијата бројот на децата кои ќе учествуваат во еден 40 минутен циклус е ограничен.
Поради ограничениот број на деца учесници ве молиме да не контактирате за да обезбедеме соодветен термин и да го обезбедиме тој простор за децата.
Реализацијата на дел од танцовата инсталација „Музеј на танцот“ преку Номад танц академија е поддржана од град Скопје.
Повеќе информации за инсталацијата и обезбедување на термин можете слободно да се обратите на телефон:+38971929639 или на емаил: klimentpoposki@gmail.com.
„Музеј на Танцот“ настана во рамки на ГЕНЕРАТОР, платформа за развој на танцов театар за деца на Балканот поддржан од Балканскиот фонд за уметност и култура (BAC). Партнери организации на Генератор: Station Service for contemporary dance, Белград, Србија; CEM-Center for youth education, Травник, Босна и Херцеговина; Номад Танц Академија – Скопје, Македонија;Dance Centere TALA, Загреб, Хрватска; Interim kultur AB (svb), Стокхолм, Шведска.
http://
EN>> After the successful launch of the handbook “How to introduce children to theater and theater to children” and “Exercise book on Movement and Dance” Nomad Dance Academy Skopje, Lokomotiva and Kino Kultura will realize the dance installation for children “Museum of Dance”
From 16 to 20 May 2016, the dance installation “Museum of Dance” will be set in Kino Kultura as part of the “Together” – Animation and educational program for the creative development of children and a program designed for the wider community.
“Museum of Dance” is an installation inspired by the history of dance and choreography, and is intended for children aged 3 to 6 years. Authors of this Installation are: Viktorija Ilioska, Kliment Poposki and Elena Risteska. Performers – Boban Kuleski and Sabrina Zeleznik
This installation aims to provide a stimulating interactive experience for children, through which they will be introduced to contemporary dance. “Museum of Dance” is conceived as a spatial installation consisting of four segments. Each segment provides various and specific ways to stimulate perception, and offers an extraordinary meeting of children with dance that is based on direct experience, physical commitment and creativity.
The installation will be set every day from Monday to Friday three terms (11:00, 13:00 & 15:00) and Wednesday (May 18th) and Thursday (May 19) afternoon will be an additional terms at 18:00 h. The visits are organized in circles of 40 minutes. Due to space and the conceptual structure of the installation number of children who will participate in a 40 minute cycle is limited.
Due to the limited number of participants please contact us to provide a proper term and to provide that space for children.
The realization of the dance installation “Museum of Dance” is supported w
ithin the program of Kino Kultura and the municipality of Skopje.
More information about installation contact : +38971929639 or email on:
klimentpoposki@gmail.com.
“Museum of Dance“ is created as part of GENERATOR – a platform for the development of dance theater for children in the Balkans, supported by the Balkan Trust for Art and Culture (BAC). Partner organizations of Generator: Station Service for contemporary dance, Belgrade – Serbia, CEM-Center for youth education, Travnik – Bosnia and Herzegovina, Nomad Dance Academy Macedonia – Platform for contemporary performing arts, Skopje – Macedonia, Dance Centere TALA, Zagreb – Croatia, Interim kultur AB (svb), Stockholm – Sweden.
http://