EN↓ Локомотива – како дел од програмата на Кино Култура започнува со редовни отворени часови за техники на современ танц и истражување на движење: КУЛТРЕНИНГ!
Отворените часови КУЛТРЕНИНГ се одржуваат СЕКОЈА САБОТА во 12:00 во Кино Култура.
Часовите ќе се водат од локални и меѓународни танцови уметници со професионално искуство и едукација во областа на современиот танц, и се отворени за сите заинтересирани за поинаков пристап кон телото, движењето и современиот танц.
Претходно искуство не е потребно. Учеството е бесплатно.
EN>> Lokomotiva – as a part of program in Kino Kultura is starting with open regular trainings of contemporary dance techniques and movement research: KULTRAINING!
Open classes Kultraining will be held every Saturday at 12:00 at Kino Kultura!
They will be held by local and international dance professionals and open for everyone interested in different approaches to dance and movement.
Previous experience in dance is not compulsory.Participation is free of charge.