Промоција на книгата „Европска идеја и Балканските иконографии“ од Нано Ружин

EN↓ Новата книга од Нано Ружин, универзитетски професор и поранешен амбасадор, со наслов „Европската идеја и Балканските иконографии“ ќе се промовира во среда во 12 часот во Кино Култура. Промоцијата ќе се состои од дискусија која ќе биде модерирана од Слободан Унковски. Гости на дискусијата се Ѓорѓи Спасов, Влатко Стефановски и Дејан Дуковски.
Книгата се занимава со анализа на феноменот иконографија како составен дел на идентитетот на секоја група, народ или ентитет, таа спојува и раздвојува и се менува со текот на времето. Иконографијата е автохтона или новостворена, историска или современа, спонтана или проектирана, и често служела на императорите, демагозите и тираните ефикасно да контролираат и создаваат униформен, хомоген ентитет. Овој проект е обид на анализа на промените, употребите и злоупотребите на иконографијата од страна на тираните и политичарите, идеолозите и пропагандната машинерија на Европа и Балкан, со посебен осврт на СФРЈ.


EN>>The new book by Nano Ruzin, a university professor and former ambassador, entitled “European idea and Balkan iconography” will be promoted on Wednesday at 12 pm at Kino Kultura. The promotion will consist of discussion that will be moderated by Slobodan Unkovski. Guests of the discussion Georgi Spasov, Vlatko Stefanovski and Dukovski.
The book deals with the analysis of the phenomenon- Iconography as an integral part of the identity of each group, nation or entity that joins and separates and changes over time. The iconography is indigenous or new appeared, historic or contemporary, spontaneous or designed, and often served  to the emperors, tyrants and demagogues to effectively control and create a uniform, homogeneous entity. This project is an attempt to analyze the changes, uses and abuses of iconography by tyrants and politicians, ideologues and propaganda- machinery of Europe and the Balkans, with particular reference to Yugoslavia.