КОНТРА КАДАР СК. 12 Филм: Caché Тема: Да позборуваме околу Ханеке

EN↓Инцидентно, овој пат 12тата проекција на Контра Кадар Скопје ќе биде во Среда наместо досегашниот повторувачки понеделник.
Во среда ќе го прикажуваме филмот “Caché” на сценаристот и режисер Мајкл Ханеке од 2005 година кој е психолошки трилер кој раскажува за еден брачен пар кои се тероризирани од страна на серија видео касети оставени пред нивниот куќен двор.
Caché e добар избор, како претставник на Ханеке за тие кои до сега не се запознале со режисерот, а тие кои го познаваат ќе им биде “задоволство” да го гледаат повторно.
Ханеке е автор на филмови кои го оставаат гледачот често во психолшко-социјална мисла. Често во шок и терор, со изненадни и долги кадри пробува да предизвика емоција кај гледачот. Тој како што и самиот кажува пробува филмот да го искористи како средство со минимална манипулација која на гледачот би му пренела битна опшетствена порака/мисла, па затоа и неговите филмови се често критикувани како тешки, неразбирливи, одбивни.
Во среда ќе разговараме околу Ханеке. Како го разбираме ние?
Дали неговиот филмски јазик е функционален за да се пренесе порака?
Дали постои причина за насилство во филм, и како е тоа доживувано, каков ефект има?
Дали хуманоста има граници? Дали карактерите на Ханеке служат за подобро запознавање со насилници?
Ова се само дел на теми на кои можеме да се задржиме на отворената дискусија после проекцијата на “Caché” во среда.
Се гледаме на големото платно бесплатно во среда од 20.00 часот.


EN>>Incidentally,  this time 12th screening of Kontra Kadar Skopje will be on Wednesday instead of the previous repeated Monday.
On Wednesday we  will show the film “Caché” of writer-director Michael Haneke in 2005 which is a psychological thriller, that tells us about a couple who are terrorized by a series of video tapes left at their house yard.
Caché is good choice as representative of Haneke for those who have not met with the director, and those who know him will be “pleased” to see again.
Haneke wrote films that often leave the viewer an psychological-social thought. Often in shock and terror, sudden and long shots, he is trying to provoke emotion in the viewer. As he tells the he tries to use  the movie as a subject of minimal manipulation,  that would transmitted to the viewer, the message of social message/thought, so his films are often criticized as heavy, incomprehensible, hideous.
On Wednesday we’ll talk about Haneke…As we understand it..
Does his cinematic language is functional to convey a message?
Is there a reason for violence in the film, and how it is perceived, what effect is it?
Does humanity have limits? Are characters of  Haneke  serve as  better acquaintance to the thugs?
These are just some of the topics that we can keep up thrugh the open discussion after the screening of “Caché” on Wednesday.
See you on the big screen for free on Wednesday at 20.00.