Контра кадар Ск. 15. филм: Deux jours, une nuit тема: Работничка солидарност

EN↓13.06.2016 Што значи да се биде единствениот лебоносец во семејството и да се изгуби работата? Разбираме ли вистински која е цената на лошите работни услови по здравјето на работничките, по благосостојбата на цели семејства? Каква е моќта на работничкото здружување против опресијата од оние за кои бројките на остварениот профит се поважни од човечки животи? Кончечно, можно ли е бобата за сопствените работнички права и достоинство да се води индивидуално? Ова се важни прашања кои се ретко поставени во македонското општество денес. Токму затоа, петнаесеттата проекција на „Контра кадар” – Скопје ја посветуваме на темата: работничка солидарност.

Пред дискусијата на оваа тема ќе го гледаме филмот „Два дена, една ноќ” (2014) на браќата Дарден.Сандра, работничка во белгиско гратче и единствената вработена во семејството, ја губи работата. Таа има два дена и една ноќ да ги убеди колегите во малата фабрика да се откажат од своите бонуси за таа да ја задржи работата. Неворајтно суптилно, а истоврмено моќно е прикажана оваа лична борба и што таа значи во животите на семејствата на работниците. Интимната трагедија од браќата Дарден се обраќа кон светот и нè соочува, меѓу другото, со универзалниот проблем на работничката и човечката солидарност.

Гости на проекцијата: синдикалисти, борци за работнички права.
– Тамара Чаусидис, Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници
– Дејан Лутовски, Движење за социјана правда „Ленка” и Левица

Проекцијата и дискусијата се од отворен карактер, а влезот е бесплатен! Понеделник, 8 навечер, бујрум во Кино Култура!


EN>> What it means to be the only one in the family who brings the bread home and than lost his job? Do we understand that the real price of the poor working conditions for the health of the workers and for the welfare of entire families? What is the power of the workers’ association against the oppression of those figures for which the self-realized profits are more important than human lives? Finally, could fights for their labor rights and dignity be taken individually? These are important questions that are rarely placed in the society today. Therefore, the fifteenth film “Kontra Kadar” – Skopje is dedicated to the topic: worker solidarity.

Before the discussion of this topic, we will see the film “Two days, one night” (2014) by the brothers Darden. Sandra, a worker in a Belgian town and the only employee in the family, loses her job. It has two days and one night to convince colleagues in the small factory to give up their bonuses for her to keep a job. Incredibly subtle, powerful and simultaneously show on this personal struggle and show on what it means in the life of the families of workers. The intimate tragedy of the brothers Dardenn speaks to the world and confronts us, among other things, to the universal problem of worker and human solidarity.

Guests at the projection: syndicalists, fighters for workers’ rights.
– Tamara Causidis, Independent Union of Journalists and Media Professionals
– Dejan Lutovski, Social Movement for Justice “Lenka” and Levica

The projection and discussion are open, and entrance is free! Monday, 8 pm, in Kino Kultura! Come in!