EN↓ 07.07.2016 „Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја завземаат сцената“ е предавање/ презентација на Биљана Тануровска Ќулавковски и Ивана Васева кое ќе се одржи во Кино Култура, Скопје во четврток (07.07.2016) во 19.30 часот.
Недостатокот од работни услови кој продуцира своевиден кршлив, непостојан, несигурен или прекаријатен начин на работа како и постојаната преокупација со професионалните ангажмани за кои никогаш нема доволно време, е една од главните теми која авторките ја разработуваат.
„Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја завземаат сцената“, презентација/ предавање, кое го изведуваат двете авторки има елементи на перформанс кој драматуршки го разработијазаедно со теоретичарот и драматург Рок Вевар од Словенија. Изведбата на оваа презентација/предавање е вид на експериментален формат и структура која има за цел да ги нагласи и истакне условите и контекстот во кој работат културните работници посебно оние кои се дел од независната културна сцена т.е. оние кои работат самостојно и не се дел од државниот или приватниот сектор во земјава.
Оваа нивна презентација се базира на подготовката на иницијативата „Работнички права на културните работници – Позиција на културните работници во независната културна сцена во Македонија“ која се подготвуваше во изминативе неколку месеци, во работни групи во кои учествуваа Биљана Тануровска – Ќулавковски, Ивана Васева, Виолета Качакова, Ивана Драгшиќ, Нада Пешева, Сафет Ахмети, Никола Узуновски, Мирко Попов, Ненад Тонкин, Гоце Наумов, Влатко Георгиев, Климент Попоски, Елена Ристеска, Сабрина Железник, Анастасија Петреска, Горјана Јордановска, Сања Арсовска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Симона Димковска и Милан Живковиќ.
Целта на оваа иницијатива е од позицијата на учесници во независната културна сцена да се преиспита терминот културен работник – слободен уметник и стручњак за култура, односно да се дадат предлози за негово (ре)дефинирање во рамки на „Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и нaчинoт на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет, на самостојните уметници“ како и Законот за култура.
Од истражувањето и праксата може да се заклучи дека во државата сеуште се практикува класичната поделеност на уметностите според која се одредуваат и верификуваат професиите во полето на уметноста и културата. Може да се заклучи дека не се пратат новите тенденции во уметноста и културата и „поновите“ професии не се вклучуваат во официјалниот дискурс или практика, или поточно во правната регулатива. Поради тоа, не се валоризира трудот, работата и учеството во градењето на сцената на одредени чинители на културната и уметничката сцена.
Васева и Тануровска – Ќулавковски претходно заедно соработувале на повеќе проекти меѓу кои и дискусијата/игра „Како да направиш фестивал со 100 евра и со 1 милион евра?“ која досега беше изведувана во Скопје, Битола и Љубљана. Со овој најнов проект тие ја продлабочуваат соработката во истражувањето, создавањето и изведувањето на нови формати на презентација и предавање на специфични теми во полето на културата.
Предавањето/ презентацијата како и иницијативата се разви во рамки на проектот „Култура за граѓански промени“ на организација на „ФРУ – Факултет за работи што не се учат“ Битола/ Скопје кој е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество што го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија. Партнери на проектот „Култура за граѓански промени“ се: Плоштад Слобода, Скопје; Центар за современи уметности, Скопје; Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје и Фондација за развој на локалната заедница, Штип.
Биографии:
Биљана Тануровска – Ќулавковски активно дејствува во полето на независниот културен сектор, иницира, програмира и раководи со многубројни проекти поврзани со современите изведувачки уметности, културни политики, модели на соработки, едукација, фестивали и институции. Коосновач и извршен директор е на НВО „Локомотива“ од 2003 година, што ги кооснова “Кино Култура“ – простор за современи изведувачки уметности и современа култура, и „Јадро” – Асоцијација на независната културна сцена, каде што е дел од Управниот одбор. Во 2005 година ја кооснова и активно ја развива „Номад Танц Академија“ – платформа за современ танц. Работи како консултант на програма за Европската фондација за култура, консултант за развој на методологија за стратегија за култура на град Скопје, и развој на регионалната стратегија за културен развој на пелагонискиот регион. Фокусот на нејзиниот професионален интерес е во истражувањето на културните политики, проблематизирање на нивното влијание врз развојот на социокултурниот систем, работните услови, уметничката практика и управувачките модели на институциите. Работи како предавач на ФМУ во Скопје, а и независно, и како (ко)уредник на публикации и списанија. Објавува стручни текстови во поле на изведувачките уметности, културна политика и менаџмент во културата. Таа е дипломиран историчар на уметност и магистер по интеркултурализам, менаџмент во културата и културна политика. Во моментот е докторанд на Факултетот на драмски уметности во Белград.
Ивана Васева (1984) дипломирала на Факултетот за историја на уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Била една од учесниците на проектот „Расшколувано знаење“, колективно самообразование во уметноста и културата, а има специјализирано во областа на кураторството на Кураторската програма (2011/2012) на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија. Моментално работи независно но и као дел од организацијата ФРУ Факултет за работи што не се учат. Член на Здружение на ликовни критичари АИКА Македонија. Куратор е на повеќе изложби во земјава и странство.
Фокусот на нејзиниот кураторски интерес во последните неколку години се однесува на преиспитувањето на улогата на уметноста во поширокиот социо-политички и економски систем и нејзината потентност и потенцијалност кон стимулирање промени (во најмала рака емотивни и спекулативни) во различни контексти. Таа го преиспитува овој однос, од една страна преку поврзаноста на современите истражувачки уметнички практики и мултидисциплинарноста со едукацијата а од друга страна преку развивањето на дискурзивни проекти кои директно рефлектираат кон политичко-економските и општествените односи во кои уметноста делува.
Досега била куратор на изложбите: ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА, групната изложба You made me so sad. Now, that doesn’t have anything to do with you, инсталацијата „МСУ има магарешки уши“, уметничкиот проект „Мајка Олимпија Храброст и нејзините деца“ на Филип Јовановски и кокуратор на изложбите и проектите „Уметникот и диктатурата“, SKOPJE: THE ULTIMATE GOLDEN COLLECTION OF PERSONAL MEMORIES 1960 -2010 vol 1/СКОПЈЕ:ВРВНА КОЛЕКЦИЈА НА ЛИЧНИ СЕЌАВАЊА 1960 – 2010 вол.1, (Скопје, 2012), (Скопје, 2012), долгорочниот проект „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“ (2013 – 2015), АКТО 8 и 10 Фестивалот за современи уметности, Битола, коавтор на презентација/игра „Како да направиш фестивал со 100 и 1 милион евра? и други.
Проектот „Култура за граѓански промени“ на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат“ од Битола/ Скопје се базира на ставот дека културата и уметноста придонесуваат, го обликуваат општеството и променуваат во позитивна насока, и не е негова кулиса или блед и површен репрезент на неинвентивност без никаква комуникација со општеството, секојдневието и проблемите на граѓаните. Од друга страна пак проектот потенцира дека развивањето на креативното дејствување го стимулира граѓанинот појасно да ги артикулира своите локални проблеми и поинвентивно да делува кон нејзино решавање.
Во таа смисла проектот се фокусира на директна работа и вклучување на граѓаните со целиот свој креативен капацитет во изработка/продукција на јавни културно – уметнички настани (изложби, перформанси) и дебати кои во себе како содржина ќе ја вклучат некоја од доминантните локални проблематики со цел преку формата на уметноста да влијаат врз општествениот политички и социјален контекст и ќе овозможат на поефективен начин да се активираат граѓаните и со тоа полесно да влијаат на нивните локални проблеми .
EN»
,,How my life has became a cultural worker – cultural workers occupy the stage”is a lecture / presentation by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Ivana Vaseva which will be held at Kino Kultura, Skopje on Thursday (07.07.2016) at 19:30 pm.
Lack of working conditions that produces a kind of fragile, volatile or uncertain way of work and constant preoccupation with professional engagements for which there is never enough time, is one of the main topics that the authors are going to talk about.
“How my life has become a cultural worker – cultural workers occupy the stage” is a presentation / lecture, which is performed by both authors and it has elements of performance that was dramaturgically made with the help of dramatic theorist and playwright Rock Vevar Slovenia. The performance of this presentation / lecture has kind of an experimental format and structure that aims to highlight and emphasize the conditions and the context in which cultural workers especially those who are part of the independent cultural scene work (that is those who work independently and are not part of the state or the private sector in the country).
Nonetheless, this presentation is based on the preparation and initiative of the “Workers rights of cultural workers – position of cultural workers in the independent cultural scene in Macedonia” it was prepared in the past few months in working groups involving Biljana Tanurovska – Kjulavkovski ,Ivana Vaseva, Violeta Kachakova, Ivana Dragsic ,Nada Peseva, Safet Ahmeti, Nikola Uzunovsk,i Mirko Popov, Nenad Tonkin, Goce Naumov, Vlatko Georgiev, Kliment Poposki, Elena Risteska, Sabrina Zeleznik, Anastasia Petreska, Gorjana Jordanovska ,Sanja Arsovska ,Ivana Pavlakovic, Natalia Teodosieva, Simona Dimkovska and Milan Zivkovic.
The aim of this initiative is the position of the participants in the independent cultural scene to reconsider the term cultural worker – freelance artist and expert in culture or to make suggestions for its (re) defining part of “Rules for determining the criteria, procedure and the way of providing favorable conditions and benefits from funds of the state budget, the independent artists and the Law of culture”.
From the research and practice it can be concluded that the country still practices classical division of Arts by laying down and verify the professions in the field of arts and culture. It can be concluded that the new trends in art and culture are not followed and ‘newer’ jobs are not included in official discourse or practice, or rather in legal regulation. Therefore, it is not valorized labor, work and participation in building the stage of certain actors in the cultural and artistic scene.
Vaseva and Tanurovska – Kjulavkovski previously worked together on several projects including discussion / play “How to make a festival with 100 euros and 1 million euros?” Which has been performed in Skopje, Bitola and Ljubljana. With this latest project they deepen cooperation in research, creation and performance of new formats of presentation and lecture on specific topics in the field of culture.
The lecture / presentation and the initiative was developed within the project “Culture Citizen Change” of the organization “FRU – Faculty of things you do not learn” Bitola / Skopje, which is supported by the USAID civil society implemented by the Foundation Open society – Macedonia. Partners of the project “Culture Citizen Change”are: Freedom Square, Skopje; Center for Contemporary Arts, Skopje; Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture, Skopje and Foundation for Local Community Development Stip.