Контра Кадар СК 27 – Blade Runner – Што е тоа што нè прави луѓе?

EN↓17.10.2016 КОНТРА КАДАР СК27

За 27то издание на Контра Кадар се прикажува култниот сај фај филм “Blade Runner” и тема за дискусија-  „Што е тоа што нè прави луѓе?“

Премиерно прикажан во 1982 година, Blade Runner, во режија на Ридли Скот, со Харисон Форд и Рутгер Хауер во главните улоги беше прогласен за филмски неуспех, како од критиката, така и од публиката. Но низ годините овој сф ноир филм го задржуваше вниманието кај мала публика, и благодарение на неа, стекна и задржи еден свој култен статус. Токму тоа овозможи Blade Runner да се појавува во различни верзии, со нови, додадени или изменети сцени, за потоа Ридли Скот да ја издаде конечната верзија, насловена The Final Cut во 2007 година, а The Final Cut испадна дефинитвната, и воедно и едиција оригинално замислена од Скот. Со оваа конечна едиција, Blade Runner се искачи на многу истакнати кинематографски листи како еден од најдобрите сф филмови на сите времиња, а на некои го зацврсти статусот како таков.

Blade Runner може да ве стаписа од многу причини – со својата атмосфера, високи футуристички зданија, миксот на секакви култури, небаре Лос Анџелес е единствениот преостанат град во светот, или неверојатниот технолоѓки развој на полето на создавање репликанти – битија кои можат да не имитираат во многу погледи. Но сите овие делови неминовно водат кон неизбежното – што е тоа што не прави луѓе?

Гостин за дискусијата – Марјан Болтевски, водител на радио емисијата „Поларис“.

Понеделник од осум саат во Кино Култура и влезот, како секогаш, е бесплатен.


EN»

Premiered in 1982, “Blade Runner”, directed by Ridley Scott, with Harrison Ford and Rutger Hauer in the lead roles was proclaimed as failure by both the critics and the audience. But over the years this Sci-fiction film retained attention to a small audience, and thanks to it, keep its cult status. That enabled “Blade Runner” to appear in different versions, with new added or changed scenes then Ridley Scott, giving the final version, titled “The Final Cut” in 2007, which turned to be the final, and also the original edition conceived by Scott. With this final edition, Blade Runner rose to most prominent cinematic lists as one of the best-fiction films of all time, and in some of them has strengthened that status for a long time.

You will be stunned by Blade Runner for many reasons- its atmosphere, high futuristic images, mix of cultures, as if Los Angeles is the only remaining city in the world, or the incredible technological development in the field of creating replicants- beings that can imitate us in many ways. But all these parts unavoidably lead to imminent- what makes us human?

Guest for the discussion- Marjan Boltevski, host of the radio show- “Polaris”

Monday at 20.00, the entrance, as always, is free