EN↓31.10.2016 20:00 КОНТРА КАДАР СК29
„Мене како режисерка на документарни филмови ми е многу важно жената да биде претставена достојно, како жена борец, како хероина, токму онаква каква што ја знаеме од реалниот живот.“
Билјана Гарванлиева
Поаѓајќи од својот пример, таа во своите филмови ја покажа хероината – жената борец! Додека неверојатно вредно, креативно, упорно и доследно го издигнуваше своето семејство, се родија и овие нејзини чеда. Речиси за неверување е како за толку краток период сними толку многу. Борејќи се за животот на своите документарци, тука, во Германија, на фестивалите, како слободен уметник се бореше и за егзистенција на своето семејство, а истовремено и со болеста на своето тело.
Секој што ја познава и споделил миг со Билјана е богат човек. А оние кои немаа прилика да ја запознаат во живо ќе ја пронајдат во нејзините филмови. Својата широкоградост, дух и хуманост, Биба ги пренесе во делата што ги остави зад себе со сета нивна слоевитост. Таму ќе ја бараме и со секое ново гледање ќе откриваме нешто ново, нешто повеќе, нешто отопосле растајнето, нешто со што се разоткрила авторката со нејзината поетика, нејзините пориви, стравови и надежи.
Да ѝ оддадеме почит на големата жена, која до последниот свој здив работеше за да остави сведоштво за жената работничка, мајка, уметница… Жената столб на семејството и олицетворение на животот.
Пред разговорот со најблиските луѓе на Билјана, ќе ги погледнеме повторно на големо платно незините филмови:
„Девојчето со хармоника“ (2006)
„Девојчето што бере тутун“ (2009)
„Шивачките” (2010)
„По дождот“ (2013)
Понеделник, 31 октомври
20:00 ч.
Кино Култура
Влез: слободен
EN»”As a female director of documentary films, I find it very important for the woman to be represented reputably, as a fighter, as a heroine, just as we know her from real life.”
Biljana Garvanlieva.
Following her own example, in her films, Biljana portrayed the heroine – the woman-fighter! While supporting her family in an incredibly committed, creative and persistent manner, these other children of hers were born too. It is unbelievable how she managed to create that many films in such a short time span. Fighting for the life of her documentaries at the German film festivals as a free artist, Biljana was simultaneously fighting for the sustenance of her family and against the illness of her own body.
Anyone who knew Biljana and shared a moment with her is a rich person. And those who had not the chance to meet her in person can find her in her films. Biba endowed the multilayered works she left behind with her own generosity, spirit and humanity. There we shall find her time and again and keep discovering something new, something more, something disclosed only in hindsight, which exposes the auteur with her poetics, her drives, fears and hopes.
Join us to pay tribute to a great woman who worked ‘till her last breath to leave behind a testimony to the woman-worker, the mother, the artist… The woman bearer of the family and the embodiment of life.
Before the discussion with people who closely knew Biljana, we are going to see on the big screen her short documentaries:
“A girl and her accordion” (2006)
“Tobacco girl” (2009)
“Seamstresses” (2010)
“After the rain” (2013)
Monday, 31 October 2016
20:00
Kino Kultura
Free admission.
*The screenings will be subtitled in English.