EN↓04.11.2016 12:00 Прогрес Институт за социјална кохезија: “Гласно за Социјална правда”
Во рамки на посетата на Република Македонија на Кнут Флекенштајн, пратеник од СПД Германија во Европскиот парламент од групата на Прогресивната алијанса на социјалисти идемократи и известител во сенка за Македонија и Тања Фајон, пратеничка од Социјални демократи – Словенија во Европскиот парламент и заменик координаторка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, Прогрес Институт за социјална демократија има чест да ве покани на јавниот настан „Гласно за социјална правда“ во петок (4 ноември 2016 година) од 12 до 14 часот во Кино Култура – Скопје.
Настанот е замислен како можност за генерирање прогресивни идеи на кој, преку излагањата на релевантните говорници од земјата и странство, ќе се дискутираат теми како социјално претприемништво, работнички права и пристојна работа, образование и практични вештини за пазарот на труд, волонтерство и младинска гаранција. Основната идеја е на едно место да ги собере различните чинители во македонското општество – граѓански активисти и политички лидери – со цел да го продлабочи дијалогот меѓу нив и да отвори квалитетна дискусија на клучните теми.
11.30-12.00 Регистрирација на учесниците
12.00-14:00 Тематски излагања и дискусии
Климентина Илијевски, Паблик, на тема „Социјални претпријатија за работна интеграција. Случај ‘Лице в лице’“
Златко Талевски, МКЦ Битола, на тема „Волонтерство. Мотор за развој на локалните заедници“
Горан Трајков, Гласно-Штип на тема „Од еднаквост до прогрес“
Теодора Столевска, Младински образовен форум на тема „Од Европа до Македонија: Кои се политиките што им требаат на младите?“
Стефан Богоев, Социјадемократска младина на Македонија на тема „План за младите да останат во Македонија“
Специјални гости говорници:
- Кнут Фленкенштајн, пратеник од СПД Германија во Европскиот парламент и заменик претседател на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, медијатор-претставник на групата во посредувачката тројка на ЕП
- Тања Фајон, пратеничка од Социјални демократи – Словенија во Европскиот парламент и заменик претседателка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи
- Евин Инцир, активистка од Шведска, поранешна генерална секретарка на Меѓународната унија на Социјалистичката младина.
Модератор: Сашо Додовски, претседател, Прогрес Институт за социјална демократија
EN» Progress Institute for Social Democracy: “Loud for social democracy”
The event was conceived as an opportunity to generate progressive ideas which, through presentations of relevant speakers from home and abroad will discuss topics such as social entrepreneurship, labor rights and decent work, education and practical skills for the labor market, volunteering and youth guarantee. The basic idea is a place to bring together different actors in society – civil society activists and political leaders – in order to deepen the dialogue between them and open discussion of key quality issues.
11:30 -12:00 registration of participants
12.00-14: 00 Thematic presentations and discussions
Klimentina Ilijevski, Public, titled “Social enterprises for work integration. Case ‘Face to Face’ ”
Zlatko Taleski, MKC Bitola on “Volunteerism. Motor for development of local communities ”
Goran Trajkov Loudly- Stip with the theme “From uniformity to progress”
Theodora Stolevska, Youth Educational Forum entitled “From Europe to Macedonia: What are the policies that are needed by the young people?”
Stephen Bogoyev, Social Democratic Youth of Macedonia entitled “Plan for young people to stay in Macedonia”
Special guest speakers:
Knut Flenkenshtajn, SPD from Germany in the European Parliament and vice president of the Group of the Progressive Alliance of Socialists and Democrats, mediator, representative of the group EP
Tanja Fajon, from the Social Democrats – Slovenia European Parliament and vice president of the Group of the Progressive Alliance of Socialists and Democrats
Evin Incir activist from Sweden, former general secretary of the International Union of Socialist Youth.
Moderator: Saso Dodovski, President, Progress Institute for Social Democracy