Контра Кадар Ск OFF: Шекспир – 400 години подоцна – со Чарлс Гарет

EN↓ 09.11.2016, 19:00 КОНТРА КАДАР СК

Оваа година се одбележуваат 400 години од смртта на Шекспир. По тој повод, ќе имаме проекција на Ричард III во режија на Ричард Лонкрејн со Иан МекКелен во главна улога. Шекспир останува убедливо релевантен и актуелен и 400 години по смртта, а голем дел од темите и дилемите што ги загатнувал и обработувал во своите драми продолжуваат да не’ мачат. Гостин ќе ни биде британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со кого ќе продискутираме на некои теми од глобално, локално, политичко и лично значење.

Ричард III е една од најизведуваните историски драми на Шекспир, прва што го најавува раскошниот лингвистички талент на Шекспир, а се наведува и како дирекна инспирација за некои од критички најпризнатите продукти на поп-културата, како ТВ-серијата „Куќа од карти“. Самиот Ричард останува еден од најпривлечните негативци и на штиците што живот значат и на големото платно, и е предизвик за некои од најетаблираните современи актери како Ал Пачино, Кевин Спејси и Иан МекКелен кого ќе го гледаме во оваа екранизација.

Место: Кино Култура
Време: 19:00
Модерира: Ана Василева
Влез: слободен


EN»

This year we mark the 400th anniversary of Shakespeare’s death. On this occasion, we are scheduling a screening of Richard III, directed by Richard Loncraine, with Ian McKellen as Richard. Shakespeare’s relevance has not diminished even 400 years after his death, and many of the dilemmas he raised and topics he broached in his plays continue to plague our modern societies. Our guest will be H.E. Charles Garrett, the British Ambassador to the Republic of Macedonia, with whom we will discuss various issues of global, local, political and personal significance.

Richard III is one of Shakespeare’s most frequently preformed histories, the first one foreshadowing the splendour of his poetic language, and has served as direct inspiration for some of pop-culture’s finest products, such as the TV-series “House of Cards”. The character of Richard continues to be one of the most appealing villains on both theatre stages and the big screen, and poses a challenge even for some of the most acclaimed modern actors such as Al Pacino, Kevin Spacey and Ian McKellen who plays the lead role in this version.

Venue: Kino Kultura
Time: 19:00
Moderator: Ana Vasileva
Free admission