EN↓ 28.11.2016 20:00 Контра Кадар СК32
“Lessons of darkness” (1992) на Вернер Херцог ја прикажува катастрофата на кувајтските нафтени полиња по крајот на првата заливска војна. Ова е филм кој нема класично сценарио, ниту пак е класичен документарен филм. Филм со минимална нарација, нешто помеѓу документарен филм и фикција, деконтекстуализиран поглед на една катастрофа, всушност претставува прекрасен визуелен приказ на еден универзален хорор во светот и создава импресија на апокалипса, или како што Херцог го нарекува овој спој на слики со музиката – “реквием на населивата планета”.
“После првата заливска војна, кога беа запалени нафтените полиња во Кувајт, медиумите – тука мислам на телевизиите – не беа во можност да го прикажат она што, освен тоа што е воен злочин – беше и настан од космички димензии, злочин кон самата креација. Нема ниту еден кадар во филмот во кој ќе ја препознаете нашата планета; поради тоа овој филм е ставен во категорија на научна фантастика, како да е снимен во некоја далечна галаксија, непријателски настроена кон животот”. – Вернер Херцог
Филмот отвара многу прашања… за војната, за деструктивноста, за уништувањето на природата, а она што е заедничко за сите овие, е прашањето како човекот ја преобликува планетата на која што живее, прашање кое е актуелно особено во овие времиња на уништување и загадување од огромни размери.
По филмот следи дискусија.
Понеделник, 20:00 во Кино Култура
Влез – слободен
EN»
“Lessons of Darkness” (1992) Werner Herzog shows the catastrophe of Kuwaiti oil fields after the first Gulf War. This is a film without a classic scenario, nor is a classic documentary. Film with minimal narration, something between documentary and fiction, decontextualised view of a catastrophe, and is actually a wonderful visual representation of a universal horror in the world and creates the impression of apocalypse or what Herzog calls this combination of images with music – “Requiem a habitable planet. ”
“After the first Gulf War, when they burned out the oil fields in Kuwait, the media – I mean television – were not able to show what, besides being a war crime – was an event of cosmic dimensions, crime to the creation itself. There is not a single frame in the film in which you will recognize our planet, and that is why this film is placed into the category of science fiction as if it were recorded in a distant galaxy, hostile to life. ” – Werner Herzog
The film opens many questions … about the war, destructiveness, destruction of nature, but what is common to all these is the question of how man reshape the planet on which he lives, a question that is relevant especially in these times of destruction and massive pollution.
The film is followed by a discussion.
Monday, 20:00 in Kino Kultura
Entrance – free