EN↓ 03.12.2016 10:00
Неверојатно танчерско доживување!
БИТРИКС ТАНЦОВА ЛИГА, проектот кој е најголем проект за танц во Македонија и е единствена можност за размена на знаење, искуство, емоции и пријателство, оваа година ќе ја доживее својата трета реализација и тоа со СПЕКТАКУЛАРНА ПРОГРАМА и МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА!
ЗА ПРОЕКТОТ:
Битрикс Танцовата Лига е проект наменет да им помогне на најдобрите танчерите од нашите простори во надоградување на нивното знаење, а и да им даде шанса да се изборат за главната награда: СПОНЗОРСТВО ЗА ТАНЦОВ КАМП по нивен избор. Оваа година овој проект ќе се состои од неколку дела: GRAND OPENING BATTLE, Танцова Лига, Специјални работилници со реномирани кореографи од странство, MC’ing Battle и Beat-Making Battle, како и останати забави и активности кои ќе бидат вметнати во програмата.
***** GRAND OPENING BATTLE****
Одлична можност за сите танчери! Натпреварувајте се на овој battle и добијте можност за бесплатна Битрикс Танцова Лига 2017. Нека победи најдобриот!
1.ТАНЦОВА ЛИГА:
Танцовата лига е основниот дел на овој проект и првата форма на негова реализација. Имено лигата подразбира серија од работилници со нашите инструктори (Ивана, Леонардо, Јана, Мартин, Саве, Деко, како и дополнителни работилници со минатогодинешната победничка Стефани и брејкерите Борис, Даворин и Ардит).
Оваа година продолжуваме со истата идеја, а правилата можете да ги прочитате на нашиот веб-сајт: http://beatrix.mk/
СПЕЦИЈАЛНИ РАБОТИЛНИЦИ:
Специјалните работилници претстaвуваат работилници со наши колеги и партнери од странство. Сите од нив се едни од најпознатите и најреномираните танчери во светот, веќе докажани на најголемите танцови кампови: Urban Dance Camp, Fair Play Dance Camp, Switzerland Dance Camp, Croatia Pague Dance Camp, итн.
КОРЕОГРАФИ ВО СПЕЦИЈАЛНАТА ПРОГРАМА:
EZ Twins – Urban Dance Styles
Joseph Tsosh – Urban Dance Styles
Alisa Tsitserоnova – Urban Dance Styles
Ques Zaalman – KRUMP
Nemanja Prelevic – Dancehall
Александра Петрушевска – Contemporary
Леона Стојчевска – Jazz
Бојана Додевска – Modern balley
ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОГРАМА:
За да опфатиме што повеќе од хип-хоп културата, оваа година се одлучивме да вклучиме и две дополнителни програми, покрај танцот (MC-ing Battle и Beat-Making Battle).
1. MC’ing Battle
Сите сме сведоци дека во последно време MC-ing забави се поретко се случуваат. Додека некогаш хип-хоп сцената цутеше, сега е реткост да се сретнат млади кои сакаат да рапуваат. Затоа, со огромна желба да го вратиме тој дух и да ги вратиме најдобрите рими го организираме ова случување каде секој ќе може на свој начин да раскаже своја приказна!
2. Beat-Making Battle
Одлична можност за сите танчери и бит-мејкери да завладеат на сцената со здружени сили. Ова е прво вакво случување на нашите простори, кое истовремено вклучува два многу значајни елементи на хип-хоп културата: диџејството и танцот.
Правилата, како и повеќе информации за двете може да погледнете на нашиот веб-сајт: http://beatrix.mk/
EN»
UNBELIEVABLE DANCING EXPERIENCE
Beatrix Dance League, the biggest dancing project in Macedonia, and one and only possibility for exchange of: knowledge, experience, emotions and new friendships!
This year we present to you its third realization, but with SPECTACULAR PROGRAM and MANY SURPRISES!
THE PROJECT:
Beatrix Dance League is a project which was created by the idea to help the best dancers from our surrounding in their growth and education. Also, it gives all the dancers AN AMAZING OPPORTUNITY to WIN A SPONSORSHIP for one of the biggest camps in the world of their choice. This year this project will be consisted of three parts: Dance League, Special Workshops with famous dance choreographers, MC-ing battle and Beat-Making battle, as other activities and parties that are included in the program.
1. DANCE LEAGUE:
The DANCE LEAGUE is the base of this project. Therefore, the league is a series of workshops with Beatrix’s choreographers. It is consisted of workshops during which dancers will collect points: Ivana, Leonardo, Martin, Save and Deko and also additional workshops with the last year winner Stefani, with our new choreographer Jana and breakers Boris, Ardit and Davorin.
Read more + rules on our web-sites: http://beatrix.mk/
2. SPECIAL WORKSHOPS:
The SPECIAL WORKSHOPS are workshops with our partners from all over the world. All of them are famous and well-known choreographers in the dancing scene, already famous on the biggest dance camps in the world: Urban Dance Camp, Fair Play Dance Camp, Pague Dance Camp, etc.)
SPECIAL CHOREOGRAPHERS:
EZ Twins – Urban Dance Styles
Joseph Tsosh – Urban Dance Styles
Alisa Tsitseranova – Urban Dance Styles
Ques Zaalman – KRUMP
Nemanja Prelevic – DANCEHALL
Aleksandra Petrusevska – Contemporary
Leona Stojcevska – Jazz
Bojana Dodevska – Modern Balley
ADDITIONAL PROGRAM:
With intention to contribute to the development of Hip-Hop Culture, this year we’ve added some EXTRA EVENTS beside the dance league (MC’ing Battle and Beat-Making Battle).
1. MC’ing BATTLE
Amazing way to bring all the FREESTYLERS BACK TO THE STREETS. Lately, it is rare to see young talented people who rap with passion like in the old days. So for all of those who have a story that needs to be told,
THIS IS YOUR CHANCE!!!
2. Beat-Making Battle
Unique combination of two Urban Cultures – DJ-ing and DANCING. This event is the first attempt of combining some dope moves with some fresh beats! So, If you think that you are a talented dancer or beat-maker,
THIS IS YOUR CHANCE!
You can read all the rules for both of the events on our web-site:
http://beatrix.mk/