EN↓ 17.06.2017
Со задоволство Ве покануваме на јавната дискусија „Инвестирање во уметноста/ културата или можности за демаскирање“, која ќе се одржи оваа сабота (17.06.2017), во Кино Култура, со почеток од 13 часот.
Гости на дискусијата се:
– Роберт Алаѓозовски, министер за култура на РМ
– Ивана Васева, кураторка
– Ивана Драгшиќ, социолог и уметничка
– Еди Мука, куратор од Тирана/ Стокхолм
Mодератор е Милан Живковиќ, општествен истражувач.
Идејата на оваа дискусија е значењето на поимот „јавно“ и поимот „инвестиции“ и нивната употреба во последниве години, како и одговорноста на сите органи од јавен карактер за општата ситуација на сцената. Во рамките на оваа дискусија ќе бидат начнати прашањата за улогата на институциите и нивната отвореност за соработка со граѓанскиот сектор, но и за различните формати на настани – од изложби до биеналиња –кои би воделе кон своевиден развој на современата визуелна уметничка сцена. Дискусијата, ќе го потенцира и економскиот аспект и стабилноста на ова поле како и неговата злоупотреба како и злоупотребата на јавните средства наменети за ова поле во креирањето на фиктивни идентитетски политики во земјава.
Пред дискусијата, со почеток од 12 часот, ќе се одржи и јавно предавање од Еди Мука.
Оваа дискусија и јавно предавање е дел од дискурзивно – едукативната програма СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК, курирана од Ивана Васева, која се одвива во четри дводневни модули во периодот од мај до јули 2017 година а моментално се наоѓа на третиот модул насловен „Уметничкиот маркет и последиците од него: како да продолжиме да живееме на овој начин“. Во рамките на овој модул се одржуваат повеќе работилници и практични задачи од затворен карактер, наменет само за учесниците на програмата како и јавен настан.
Третиот модул од серијата од четри модули се однесува на економскиот контекст на уметноста и уметничкиот маркет со разните свои појавности: комерцијални галерии, уметнички саеми, биеналиња. Прашањето кое се поставува во овој контекст е зашто ги нема во земјава и дали треба воопшто да ги има.
ПОВЕЌЕ ЗА СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК:
Дискурзивно – едукативната програма насловена „Совршениот уметник“ која за прв пат се случува оваа година е дел од биеналната нагарада ДЕНЕС, која од 2003 год. се доделува на млад визуелен уметник до 35 години.
Наградата досега ја организирал Центарот за современи уметности – Скопје а од 2015 год. како коорганизатор се приклучува ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје.
Оваа програма е иницирана како една од програмските целини на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје a во партнерство со Центарот за современи уметности – Скопје и Фондација Фридрих Еберт –Канцеларија Скопјe. Тргнувајќи од самиот концепт на организацијата која инкорпорира знаења кои се споделуваат, разменуваат и взаемно надоградуваат а не се студираат или научуваат, оваа програма произлегува од потребата за едно консолидирано, посветено и артикулиано место за значења од областа на современата визуелна уметност.
Прекаријаните услови – немањето можности за работа на полето на уметноста, фондови за развој и унапредување на уметничките можности и аспирации, но и ретроградната и непосветена едукација се причина за развој на оваа програма. Оттаму, идејата е преку практично но и теоретско делување со фокус на дијалог, размена на искуства и дебата да се воспостави општествена инклузија на младите уметници но и нивната непосредна околина и да се понудат можности за зајакнување на едукативниот систем во земјава посебно во визуелната уметничка дисциплина.
Програмата е поделена во 4 модули и подразбира предавања, работилници и дискусии како и производство на јавни настани а вклучува голем број на локални, регионални и интернационални гости, првенствено се однесува на млади уметници од цела Македонија (до 35 години) но сите јавни настани може да ги проследува поширока публика.
Исто така, дискурзивно – едукативната програма насловена „Совршениот уметник“ е курирана програма за уметници т.е. не е програма за куратори. Таа детектирајќи ги локалните проблеми ќе понуди еден кураторски развоен и процесен модел кој ќе се креира и развива според потребите на учесниците.
Таа ќе се одржи на три локации во Скопје: Мобилна/ монтажна галерија, кино на Железничка зграда и Кино Култура и во соработка со повеќе простори низ Македонија. Таа е бесплатна и се одржува на македонски и англиски јазик.
Повеќе информации на www.akto-fru.com
БИОГРАФИИ НА УЧЕСНИЦИТЕ:
Еди Мука е на позицијата куратор за привремени проекти во Public Art Agency во Шведска од март, 2014 год. Претходно, во периодот од 2009 – 2014 год., тој бил куратор во Roda Sten konsthall во Гетебург и заедно со Стина Едблом, ја делел позицијата на уметнички директор на Гетебург Интернационалното биенале за современа уметност 2013.
Мука е еден од основачите и директори на Тирана Интернационалното современо уметничко биенале како и директор и куратор на ТИКА – Тирана Институтот за соврмена уметност, независна платформа за истражување и продукција на современа уметност.
Во 2015 год., тој го кокурирал третото издание на Интернационалните уметнички средби на Меделин, Колумбија насловено „Локални приказни – Глобални практики“. Во 2007 год., тој го курирал четвртото издание на Гетебург Интернационалното биенале за современа уметност насловено „Реобмислување несогласување“, заедно со Јоа Лунгберг. Во 1999 год., Мука ја курирал групната изложба „Албанија денес – времето на ироничен оптимизам кој е првиот албански павиљон на Венециско биенале и во 2005 год., тој бил комесар на павиљонот.
Неговата кураторска работа е од интернационални рамки и е базирана на блиска соработка со уметници.
Ивана Драгшиќ е социолог, активистка и културна менаџерка. Таа е активна во рамките на Плоштад Слобода, организација што се занимава со теми за јавниот простор, доброто владеење и промоција на заедничкото (commons), како нов модел на владеење. Драгшиќ е истрајна критичарка на проектот „Скопје 2014“, за кој смета дека е физичка манифестација на национализам, корупција и деградација на процесот на урбано планирање. Исто така, таа пушта музика на радиото Канал 103 и во клубови.
Роберт Алаѓозовски магистрирал на компаративна уметност на УКИМ во Скопје. Тој е автор е на четри книги и десетина студии за филологија, филм и културна политика. Алаѓозовски е поранешен претседател на мрежата Oracle на европски културни менаџери во Брисел и тренер на европско ниво за Marcel Hicter’s European Diploma за културен проект менаџмент. Тој е член на здружението на независни писатели на Македонија и на редакцијата на „Сарајевске свеске“ а е вклучен во многу проекти за децентрализација во културата, интеркултурализмот, регионална или меѓународна соработка.
Алаѓозовски од неодамна ја врши функцијата министер на култура на РМ.
Ивана Васева курира, организира, менаџира и координира програми и активности поврзани со современата визуелна ументост но често и мултимедијални и интердисциплинарни проекти. Таа живее и работи во Скопје каде, заедно со уметникот Филип Јовановски, ја раководат организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје и се куратори на АКТО Фестивалот за современи уметности.
Во моментов таа ја курира и менаџира едукативно – дискурзивната прогарама „Совршен уметник “ во рамки на ДЕНЕС наградата за млад визуелен уметник како и долгорочниот проект за модернистичкото архитектонско наследство и мисла „Кога зградите би зборувале“ а учествува и во неколку истражувачки проекти и изложби во повеќе земји.
Во интерес на нејзината кураторска работа и истражувања се различните формати на претставувања во современата визуелна уметност како и колаборативните практики кои би ја потенцирале потенцијалноста и политичката моќ на уметноста во различни контексти.
Милан Живковиќ е експерт за работнички права. Работел како пoртпарол на Сојузот на синдикатите на Македонија, а во моментов е проектен координатор и раководител на канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт –Канцеларија Скопјe.
За дискусијата и јавното предавање, кои ќе се одвиваат на англиски јазик, ќе биде обезбедено превод.
EN» It is our great pleasure to invite you to the public discussion “Investments in arts/ culture or opportunity for defacing” which is going to happen this Saturday (17.06.2017), in Kino Kultura, starting from13h.
Participants in the discussion are:
– Robert Alagjozovski, Minister of Culture of RM
– Ivana Vaseva, curator
– Ivana Dragsic, sociologist and artist
– Edi Muka, curator from Tirana/ Stockholm
Moderator of the event is Milan Zivkovic, social scientist.
The central concept of the discussion is the interrogation in the meaning of the terms “public” and “investments” and their usage in the last years as well as the responsibility of all organs of public character in the general situation on the scene.
In the frames of this discussion some key questions will be raised such as: the role of the institutions and their openness for collaboration with the civic sector but also the different event formats – from small scale exhibitions to biennials –and their potentiality towards developments of the contemporary visual art scene. The discussion will accentuate the economic aspect and the stability of this field as well as its misuse and the misuse of the public funding intended for this field in the creation of fictional identity politics in the country.
Before this discussion, starting from 12h, there will be public lecture by Edi Muka.
The discussion and the public lecture are part of the discursive educational program THE PERFECT ARTIST, curated by Ivana Vaseva, which is a program consisted of 4 two day modules in the period of May till July 2017. The program is currently on the third module activities titled “Art market and its consequences. How should we continue living like this?“ which incorporates several workshops and practical assignments of closed character devised only for the participants of the program and a public event.
The third module refers to the economic context of art and the art market with its various manifestations: commercial galleries, art fairs, and biennales. It also touches upon why they lacking in our country and whether we should have them at all.
MORE INFO ABOUT THE PERFECT ARTIST:
The discursive-educational program titled THE PERFECT ARTIST, taking place in Macedonia for the first time this year is part of the biennial Denes Award, which is awarded to a young visual artist under 35 years of age since 2003.
Up until 2015, the award organizer was the Center for Contemporary Arts – Skopje, but in 2015 FRU joins as a partner organization.
The program is curated by Ivana Vaseva and and initiated as one of the program units of FRU – Faculty of Things That Can’t Be Learned from Bitola/Skopje, in partnership with the Center for Contemporary Arts – Skopje and the Friedrich Ebert Foundation Office in Skopje. Starting from the very concept of an organization that incorporates knowledge that is subject to shared effort, exchange and shared growth, instead of being simply acquired or studied, this program is an attempt to create the much needed space for production of meaning in the field of contemporary visual arts that would be consolidated, dedicated, and articulated.
The precarious conditions – the lack of opportunities for work in the field of art, the lack of development funds and funds that would stimulate a rise in artistic possibilities and aspirations, as well as the regressive education system are the reasons behind the development of this program. Consequently, the idea is to focus on dialogue, the exchange of experience and debate, through both practice and theory, an endeavor that could establish social inclusion of the young artists and their circles.
The program is divided in 4 modules and incorporates lectures, workshops and discussions as well as public events which will include numerous local, regional and international guests. It primarily focuses on young artists from Macedonia (under 35 years of age), however all public events are open to a wider audience.
The discursive/educational Perfect Artist program is curated as a program for artists, not for curators. First by detecting local problems, it will offer a stage-by-stage, developed curatorial model that will be further directed according to the needs of the participants.
The program will take place in 3 different locations in Skopje: Mobile/montage Gallery, Cinema Theatre of the Railway Workers Residential Complex and Kino Kultura but also other locations. It’s a free program and it will be carried out in both English and Macedonian.
More information: www.akto-fru.com
BIOS OF PARTICIPANTS:
Since March 2014 Edi Muka holds the position of curator of temporary projects at the Public Art Agency, Sweden. Previously, from 2009 – 2014 he was the curator of Roda Sten konsthall in Göteborg, and together with Stina Edblom, shared the position of artistic director of Göteborg International Biennial for Contemporary Art 2013. He is one of the founders and directors of the Tirana International Contemporary Art Biennial, as well as director and curator of TICA—Tirana Institute of Contemporary Art, an independent platform for research and production of contemporary art.
In 2015 he co-curated Local Stories – Global Practices, 3rd edition of the International Art Encounters of Medellin, Colombia. In 2007, he curated the fourth edition of the Göteborg International Biennial for Contemporary Art, titled Rethinking Dissent, together with Joa Ljungberg. In 1999, Muka curated the group show Albania Today – The Time of Ironic Optimism, the first Albanian Pavilion at the Venice Biennial, and in 2005 he was the commissioner for the pavilion.
His curatorial work is of international scope and based on close collaboration with artists.
Ivana Dragsic (Skopje) is a sociologist, activist and a cultural manager. She is active within Freedom Square, an organization that works on issues of public space, good governance and promotion of the commons as a new model of governance. Ivana is a persistent critic of “Skopje 2014” project as a physical manifestation of nationalism, corruption and degradation of the process of urban planning. She also plays music at the radio Kanal 103 and in clubs.
Robert Alagjozovski (Skopje) holds an MA in Comparative Art from the University Sts Cyril and Methodius in Skopje. He is the author of four books and dozens of studies on philology, film and cultural policy. Alagjozovski is a former president of the Oracle network of European cultural managers in Brussels, and coach at European level for Marcel Hicter’s European Diploma in Cultural Project Management. He is a member of the Association of Independent Writers of Macedonia and of the editorial board of Sarajevske Sveske, and is also involved in many projects on decentralization in culture, interculturalism, regional or international cooperation.
Since recently, Alagjozovski is fulfilling his duty as a Minister of Culture of RM.
Ivana Vaseva curates, organizes and manages programs and activities in the field of contemporary visual arts and interdisciplinary practice whilst constantly exploring new formats for production and presentation. She lives and works in Skopje, and jointly with Filip Jovanovski manages the organization FRU – Faculty of things that can’t be learned. They are both curators of the past four editions of AKTO Festival for contemporary arts which exist for 11 years.
In the moment, Vaseva curates the international discursive educational program THE PERFECT ARTIST connected to the DENES Young Visual Artist Award and two research and context – based multimedia projects dealing with the modernist as well as the legacy of antifascist heritage advocating for its political potential in the public sphere today.
The focus of her curatorial interest and research are different formats of presentations in contemporary visual art as well as the collaborative practices that can accentuate the potentiality and the political power of art in different contexts.
Milan Zivkovic (Skopje) is a social scientist and an expert on labor rights. He worked as portparol for the Federation of Trade Unions of Macedonia. Currently, he is a project coordinator and head of office of “Friedrich Ebert Stiftung” – Macedonia.
Translation into English and Macedonian is going to be provided for this public event.