ИЛУСТРАЦИИ ЗА ТОА КАКО НОВАТА ИДЕЈА ГО ЗАПРЕПАСТУВА ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ Е ПОДГОТВЕН ЗА НЕА

EN↓ 29.06.2017 //20:00

ИЛУСТРАЦИИ ЗА ТОА КАКО НОВАТА ИДЕЈА ГО ЗАПРЕПАСТУВА ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ Е ПОДГОТВЕН ЗА НЕА
Кога толпата е во недостиг на жртва, тешко дека ќе се прилагоди на таа состојба. Па веднаш, првиот кој малку ќе заштрчи од другите, ќе биде топло прегрнат од рацете на мачителите. Таа игра никогаш не завршува, пак и пак, едната жртва ќе попушти, а веднаш по неа иде друга. Секогаш, секаде. Кругот не престанува да врти. Утре, кој знае може и денес, јас или ти, не е битно зошто, ќе бидеме следните. И колку пати сакаш прашај “зошто?” одговорот кој ќе го добиеш, никогаш нема да биде логичен.

Претставата „Илустрации за тоа како новата идеја го запрепастува човекот кој не е подготвен за неа“ е работена според текстовите на Данил Хармс кои вклучуваат историски материјали како бележниците на Хармс, полициските досиеа, сведочења на оние кои го познавале, но и врз основа на неговата книжевност – кратки приказни и песни. Во мај 2017 претставата ја освои гран при наградата „Васил К. Ќортошев“ за најдобра претстава на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани.

Режија: Наталија Теодосиева и Јаков Спасов
Костимографија: Инес Гоља

Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на театарот, друштво без граници на креативност, посветеност и младинска критична мисла. Групата започна со работа во февруари 2014 како интерактивна работилница за перформанс и до сега има настапувано на повеќе настани како „Кој се плаши од молкот лош?“, конференцијата за друштвени медиуми и активизам „Engage”, Skopje Creative Hub, окупацијата на УКИМ „Автономна зона“ како и самостојните изведби на своите перформанси. Во 2015-та година претставата „Ненаучена лекција“ групата ја одигра во пет градови во Р.Македонија: Скопје, Велес, Неготино, Струга и Тетово. Во периодот на февруари-мај 2016 членовите на групата се приклучија кон проектот „Во чевлите на бегалците“, како дел од перформансот „Нивниот пат“.

Во претставата играат: Ангел Таневски, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Христина Мирчевска, Петар Антевски, Срна Дуковска, Филип Христовски и Петар Мукоски.

Влезот за претставата е бесплатен.


EN» ILLUSTRATION ABOUT HOW THE NEW IDEA ASTONISHES THE MAN, WHO IS NOT PREPARED FOR IT

When the crowd is in need of a sacrifice, it will be difficult to adjust to that condition. So right after, the one who will slightly protrudes from the others will be warmly embraced by the tortures. That game never ends, again and again, one victim will give in, and an another comes along. Always, everywhere. The circle does not stop spinning. Tomorrow who knows, even today, me or you, is not important why, will be next. And how many times you want, ask “Why?”, the answer will never be logical.

The performance :”Illustration about how the new idea astonishes the man, who is not prepared for it “, based on the Daniel Harms’s texts, that includes historical materials, such as Harms notebooks, police files, testimonies of those who knew him, but also on the basis of his Literature- short stories and songs. In May 2017, the performance won the Grand Prix “Vasil K. Kortoshev” for best performance at Drama Amateur Festival of Macedonia- Kochani.

Director: Natalija Toodosieva and Jakov Spasov

Costumes: Ines Golja

Kunstwerkstatt is a group of young enthusiastic and theater lovers, a society without boundaries of creativity, dedication and youth critical thoughts. The group has started working in February 2014, as an interactive workshop for performance and has so far performed in several events such as : “Who is afraid of the bad silence”, Conference for the social medium and activism “Engage”, Skopje Creative Hub, occupation of UKIM “Autonomous zone”, as well as self organised performances. In 2015, the performance “Unlearned session”, has been performed in several cities in Macedonia: Skopje, Veles, Negotino, Struga and Tetovo. In the period May- February 2016, the membars of the group have joined in the project: “In the shoes of the refugees”, as part of the project “Their Path”.

Cast: Angel Tanevski,  Ivona Kuzmanovska, Jana Bangieva, Hristina Mirchevska, Petar Antevski, Srna Dukovska, Filip Hristovski and Petar Mukovski.

Free entrance