Звукот за пијано на Руичи Сакамото- концерт на Дуња Иванова

EN↓ 22.09.2017// 19:00

Концерт на Дуња Иванова, посветен на култниот јапонски композитор Руичи Сакамото

Во програма ќе се сретнат неговите најпознати композиции: The Sheltering Sky, A Flower is not a Flower, Whuthering Heights, SolitudeEnergy, FlowParolibe, Merry Christmas, Mr. Lawrence.

Концертот претставува дел од Манифестацијата „Нов културен бран“, поддржана од Министерство за култура на РМ.

Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото.
Учествува со свои трудови од областа на музичката теорија и практика на трибините на здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје.
Автор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012).


EN» Concert of Dunja Ivanova, dedicated to the Japanese composer Ruyichi Sakamoto

The will meet his most famous compositions : The Sheltering Sky, A Flower is not a Flower, Whuthering Heights, SolitudeEnergy, FlowParolibe, Merry Christmas, Mr. Lawrence.

The concert is part of the Manifestation: “New Cultural Wave”, supported by the Ministry of culture of the Republic of Macedonia

Dunja Ivanova (1985) holds a master’s degree in the vocal-instrument department of the Faculty of Music in Skopje in the class of piano (2010), MA (2009) and Ph.D (2015) at the department of Aesthetics at the Institute of Philosophy at the Faculty of Philosophy, University “Ss. Cyril and Methodius” in Skopje.

She has accomplished solo and as part of chamber concerts in New York (USA), Paris (France), Sarajevo (BiH), Ragusa (Italy), Pristina (Kosovo), festivals as : “Skopsko leto”, “Ohridsko leto”, “Days of Macedonian Music”, “Muzika Viva”, International Cinematographers Film Festivals, performers with the orchestra of the Music Youth of Macedonia in chamber compositions and within ballet performances. Particularly significant are her recitals dedicated to : Zbigniew Preisner, Philip Glass, Ludovico Einaudi, Arvo Part, Ruyichi Sakamoto.
She participates with her works in the field of music theory and practice at discussions organised by Association of pedagogues for piano in Macedonia EPTA, at the conferences of the Institute for Research and Archiving of Music IRAM, at meetings at the University “Goce Delcev” in Stip, Macedonia.
Since 2007 she has been working as a piano teacher at the DMBUC “Ilija Nikolovski- Luj”- Skopje.
She is and author of the books: “The Reception of Music in the Aesthetic Theories of the 20th Century”(2016), “The Aesthetic Experience of Music”(2010),  on the publications “Multiplicative application of music in the educational process for children”(2010) and “Children and music in virtual reality” (2012)