EN↓ 25.10 @ 22 :00
Театар на Навигатор Цветко/ Театарска претстава: “Солун, град на духови”
Текст на Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер, музика на Златко Ориѓански, во режија на Слободан Унковски.
Актери: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ
Претставата е продукција на Театар на Навигаторот Цветко, Скопје, со поддршка на Министерство за култура на Р.Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.
Хрониката „СОЛУН,ГРАД НА ДУХОВИ“, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.
Билети: https://www.kupikartizase.com/
EN» 25.10 @ 22 :00
Theatre performance: “Salonica, City of ghosts”
Dramaturgy Rusomir Bogdanovski, inspired by the book “Salonica, City of Ghosts” by Mark Mazower, music by Zlatko Origjanski, directed by Slobodan Unkovski.
Actors: Simona Dimkovska, Ivana Pavlakovic, Natalija Teodosieva, Stefan Vujisic, Martin Manev, Goran Nikov and Vladimir Petrovic.
Performance is produced by Theatre of Navigator Cvetko, with support of Ministry of Culture of R. Macedonia and Holocaust Memorial Center for the Jews of Macedonia
Tickets: https://www.kupikartizase.com/