EN↓ 27.10- 28.10. 2017
ГРАЃАНИТЕ ЗА КУЛТУРНИТЕ ПРОСТОРИ
ГРАЃАНИТЕ ЗА КУЛТУРА
Дали конечно можеме да сведочиме за отворање на простори изградени преку партиципативно ангажирано делување? Дали овие времиња ќе бидат поволни за подобрување на институционалната инфраструктура и ќе создадат поле за заедничко учење помеѓу различни актери (граѓанскиот сектор, конституентите и локалната власт), за колективност и за валоризација на вредноста на трудот наспроти пазарната логика и личните интереси?
АКТО Фестивалот за современи уметности но и иницијатитивите на организацијата „ФРУ – Факултет за работи што не се учат“ од Битола/ Скопје заедно со своите партнери и преку соработка со различни заедници и поединци само во последните два месеци отвори прашања и даде видливост на општественото, културолошко и социолошко значење на неколку простори: Офицерски дом во Битола во рамки на ПОП АП АКТО АКЦИЈА! Фестивалот во Битола (01 и 02 септември), зборуваше за Железничка зграда во Скопје во рамки на иницијативата „Кога зградите би зборувале“ (30 септември и 01 октомври) а исто така учестува и моделирањето на просторот Кино Култура во Скопје (меѓудругото и конференцијата „Моделирање на јавните простори во културата“ во организација на Локомотива 12 – 14 октомври) како места на социјализација, еманципација, самообразование и колективна акција.
Се чини дека сега е време уште еднаш да ги потврдиме сите заедно своите заложби и да покажеме колку е важна меморијата и историјата за општествената стварност но и да понудиме други модели за соработки и (ко)управување, како и поддршка и развој на релевантни социо-политички содржини од полето на културата и уметноста.
Партнери на овие иницијативи се Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје, Здружението на текстилни, кожарски и чевларски работници Гласен текстилец Штип како и регионалните соработници „Фрлачи на сенки“ од Загреб и „Супервизуелна“ од Белград.
27 ОКТОМВРИ (ПЕТОК)
20:00
АКТО МУЗИЧКИ САЕМ
Отворен штанд за продажба на независни музички изданија
Локација: Холот на Кино Култура
Идејата со АКТО МУЗИЧКИ САЕМ е да се продолжи концептот на промоција на нова македонска музика, со посебен акцент на еден тренд на издавање на македонска музика на плочи, едно видно носталгично навраќање на грамофонот како медиум и винилот како носач на звук. Ова стана пракса кај издавачите, музичарите и бендовите ширум светот и во последниве неколку години резултираше со 20-тина албумски изданија на македонски групи и музичари на плочи, кои можат да се купат во музичките продавници и во Скопје.
Во рамки на овој саем ќе им се даде простор на независните музички издавачи и музичари да ја презентираат својата палета на музички изданија и други промо материјали.
(Почитувани,
Поради ограничувањата во изборниот законик во тек на изборна кампања, како и непредвидени обврски, дел од поканетите гости од различни јавни институции и политички партии, беа спречени да учествуваат во програмата на АКТО АГОРА која беше предвидена да се случи во петок (27.10) во 12 часот во Кино Култура.
Затоа АКТО АГОРА како програмска активност која пред сè има за цел застапување на јавниот интерес во културата, ја одложуваме за друг термин за кој наскоро ќе Ве информираме.
Тимот на POP UP AKTO)
(12:00 – 14:00
AKTO АГОРА – ЈАВНА РАСПРАВА
ГРАЃАНИТЕ ЗА КУЛТУРНИТЕ ПРОСТОРИ ГРАЃАНИТЕ ЗА КУЛТУРА
Локација: Кино Култура
По одржувањето на АКТО АГОРАТА – ГРАЃАНИТЕ ЗА ЈАВНОТО ДОБРО – ГРАЃАНИТЕ ЗА ОФИЦЕРСКИ КАКОВ ОФИЦЕРСКИ НИ ТРЕБА? во Битола (01 и 02 септември) каде се даде осврт на две важни прашања: заштита на Офицерски дом и неговата околина – контактна зона – како културно наследство од особено значење за заедницата и можните модели на управување со овој простор, оваа агора се случува по втор пат со идеја да ја потенцира потребата за реновирање на три простори Офицерски дом во Битола, Железничка зграда и Кино Култира во Скопје кои ќе прераснат во места на повеќе значења важни за днешното фунцкионирање на различни заедници.
Во основата и повторно ќе запрашаме – „Колку се грижиме за заедничкото добро, за она што ни припаѓа на сите?“
Структурата на агората овозможува кругови на преиспитување, во и вон круговите. Појдовната точка е да се креира простор за различни мислења, простор во кој ќе се дискутираат и конфронтираат мислењата во функција на можните форми на опстанок, (пре)намена, користење и заштита на овие простори.
Учесници: активисти од Битола и Скопје, парламентарци од повеќе политички партии како и парламентарци – членови на комисија за култура, членови на совет за култура на општина Битола и општина Скопје од повеќе политички партии, граѓани на град Битола и Скопје, активни и заинтересирани за ова прашање, луѓе од раководни позиции од јавни институции во Битола и Скопје, експерти за културно наследство, членови на независна културна сцена од земјава.)
20:00
AKTO ЗА ЗАЕДНИЦИТЕ
ХНУ_Истражувачко студио за храна, наука и уметност
Локација: Кино Култура
ХНУ_Истражувачко студио за храна, наука и уметност преку готвењето на храна ја истражува поврзаноста помеѓу кулинарството, науката и уметноста, поточно односот идеја – процес – готово дело. ХНУ го поставува прашањето за врската помеѓу рецептот и крајниот вкус. Дали секој рецепт може да биде претворен во добар вкус? ХНУ преку целиот свој процес има за цел да потенцира колку е важна одговорноста и умешноста во создавањето – како на уметничките, така и на кулинарските дела.
21:00- 01:00
AKTO МУЗИКА
СВРТИ ГО СКОПЈЕ НА ПЛОЧИ
Тројца ДЈ- раскажуваат музички приказни за Скопје
Локација: Кино Култура
Илина Ангел
Мирко Попов
Флудер
Релативно мал е бројот на активни ДЈ-и и музичари кои сеуште купуваат и промовираат музика на плочи. Најголем број од нив своите музички колекции на винил ги збогатувале во 80-тите и 90-тите години од минатиот век. Ова е ретка прилика да се потсетиме како звучеле и изгледале забавите во Скопје пред дигитализацијата на музичката индустрија.
ПОП АП АКТО АКЦИЈА – тим
Филип Јовановски – уметнички директор и куратор
Ивана Васева – програмска директорка и кураторка
Илија Тирицовски и Александар Јовановски – куратори и координатори на музичка програма
Јана Колева – односи со јавноста
Елена Димитровска – координација и продукција
КОМА – графички дизајн
akto-fru.com
ПОП АП АКТО АКЦИЈА Битола е поддржан од Министерство за Култура на РМ, Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, општина Центар
EN»
CITIZENS FOR CULTURAL SPACES
CITIZENS FOR CULTURE
Can we finally witness the opening of spaces built through participatory engagement? Will these times be favorable for improving the institutional infrastructure and will create a field for joint learning between different actors (the civil sector, constituents and local government), for collectivity and valorisation of the value of labor versus market logic and personal interests?
AKTO The Contemporary Art Festival, as well as the initiatives of the organization “FRU – Faculty for Non-Learning Things” from Bitola / Skopje, together with its partners and through cooperation with different communities and individuals only in the last two months opened up issues and gave visibility to the social, cultural and sociological significance in several spaces: “Officer’s House” in Bitola within the frames of POP AP AKTO ACTION! The Festival in Bitola (September 1st and 2nd) spoke about the Railway Building in Skopje within the initiative “If buildings could talk” (September 30 and October 1) and also the modeling of the Kino Kultura space in Skopje (including the conference ” Modeling Public Spaces in Culture “organized by Lokomotiva 12-14 October) as places of socialization, emancipation, self-education and collective action.
It seems now that it is time to confirm once again our efforts, together, and to show how important memory and history of social reality are, but also to offer other models of co-operation and (co) management as well as support and development of relevant socio- political content in the field of culture and art.
Partners of these initiatives are Lokomotiva – Center for new initiatives in arts and culture from Skopje, Association of textile, leather and shoemakers “Glasen tekstilec Stip” as well as regional collaborators “Frlachi na senki” from Zagreb and “Supervizuelna” from Belgrade.
27 OCTOBER (Friday)
20:00
AKTO MUSIC FAIR
An open stand for the sale of independent music editions
Location: Hall of Kino Kultura
The idea with AKTO MUSIC FAEM is to continue the concept of promotion of new Macedonian music, with a particular emphasis on a trend of publishing Macedonian music on records, a prominent nostalgic repetition of the gramophone as a medium and vinyl as a sound carrier. Within this fair, independent music publishers and musicians will be given the opportunity to present their range of music releases and other promotional materials.
Почитувани,
Поради ограничувањата во изборниот законик во тек на изборна кампања, како и непредвидени обврски, дел од поканетите гости од различни јавни институции и политички партии, беа спречени да учествуваат во програмата на АКТО АГОРА која беше предвидена да се случи во петок (27.10) во 12 часот во Кино Култура.
Затоа АКТО АГОРА како програмска активност која пред сè има за цел застапување на јавниот интерес во културата, ја одложуваме за друг термин за кој наскоро ќе Ве информираме.
Тимот на POP UP AKTO
(12:00 – 14:00
AKTO AGORA – PUBLIC DISCUSSION
CITIZENS FOR CULTURAL SPACES CITIZENS FOR CULTURE
Location: Kino Kultura
This agora is happening for the second time with the idea to emphasize the need for renovation of three spaces “Offier’s House” in Bitola, Railway Building and Kino Kultura in Skopje that will grow into places of many meanings important for the day-to-day functioning of different communities.
At the base, we will ask again: “How much do we care for the common good, what belongs to us all?”
The starting point is to create space for different opinions, a space in which to discuss and confront opinions in the function of possible forms of survival, (re) use, use and protection of these areas.
Participants: activists from Bitola and Skopje, parliamentarians from several political parties as well as parliamentarians – members of the committee for culture, members of the council for culture of the municipality of Bitola and the municipality of Skopje from several political parties, citizens of the city of Bitola and Skopje, active and interested in this issue, people from managerial positions from public institutions in Bitola and Skopje, cultural heritage experts, members of an independent cultural scene from the country.)
20:00
AKTO for communities
HNU_ Research studio for food, science and art
Location: Kino Kultura
The HNU research studio for food, science and art through food cooking explores the relationship between culinary, science and art, or rather the relationship idea – a process – a finished work. The HNU raises the question of the relationship between the recipe and the ultimate flavor. Can each recipe be turned into a good taste? Through its entire process, the HNU aims to emphasize the importance of responsibility and the art of creation – both artistic and culinary works.
21: 00- 01:00
AKTO MUSIC
turn Skopje onto music records
Three DJs will tell music stories about Skopje
Location: Kino KUltura
Ilina Angel
Mirko Popov
Fluder
Relatively small is the number of active DJs and musicians who still buy and promote music on records. Most of them enriched their music collections of vinyl in the 80s and 90s of the last century. This is a rare opportunity to remember how the parties in Skopje sounded before the digitization of the music industry.