EN↓ 23.11.2017 @ 18:00
Програмата Учиме право (Младински образовен форум) организираат симулацијата на судење на случај со дискриминација во образовен процес.
Двочасовниот настан ќе има за цел да ја запознае јавноста, а особено младите, со дискриминацијата – во овој случај онаа која се случува врз основа на попреченост во развојот. Преку симулацијата присутните ќе можат да се запознаат со парничната постапка, нејзиниот тек, и нејзината функција како механизам за заштита од дискриминација.
Ги покануваме сите ученици, студенти, млади, родители, наставници, професори и претставници на невладини организации да ни се приклучат во оваа симулација, да видат во живо како изгледа едно судење и да се запознаат со правните решенија за спречување на овој вид на дискриминација.
Симулацијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската амбасада во Македонија. Симулацијата ќе ја изведат средношколци, членови на Учиме право програмата на Младински образовен форум. Преку оваа симулација и сензитивизирање за дискриминацијата врз лицата со попреченост, организаторите се залагаат да обезбедат еднаков третман и пристап до образование за сите.
Влезот е бесплатен.
За дополнителни информации слободно контактирајте не’ на: ucime_pravo@mof.org.mk
EN» 23.11.2017 @ 18:00
The Program “We are Learning Law ” (Youth Educational Forum) organizes the simulation of a case study of decriminalization in the educational process.
The two-hour event will aim to introduce the public, and especially the young people, with discrimination – in this case, the one that happens on the basis of a disability in the development. Through the simulation participants will be able to get to know the civil procedure, its course, and its function as a mechanism for protection against discrimination.
We invite all high school students, students, young people, parents, teachers, professors and representatives of NGOs to join us in this simulation, to see in-live what a trial looks like and get acquainted with legal solutions to prevent this kind of discrimination.
This simulation is part of the project “Support from the civil society to policies for social cohesion and diversity” supported by the British Embassy in Macedonia. The simulation will be conducted by high school students, members of the Program “We are learning Law” at the Youth Educational Forum. Through this simulation and sensitization of discrimination against persons with disabilities, the organizers are committed to ensuring equal treatment and access to education for all.
The entrance is free.
For more details contact us on : ucime_pravo@mof.org.mk