EN↓ 13.12.2017 @ 19:00
Младински образовен форум и Амбасадата на Кралството Холандија ве покануваат на „Movies that matter“, филмски фестивал за документарен филм чија цел е одбележување на Меѓународниот ден на човековите права – 10-ти декември.
На 13-ти декември (среда) со почеток во 19:00 ч во Кино Култура – Скопје ќе бидет прикажани филмовите What Tomorrow Brings и Who’s Gonna Love Me Now?
19:00 ч What Tomorrow Brings
режија: Бет Марфи, Авганистан/САД
20:30 ч Дискусија
21:30 ч Who’s Gonna Love Me Now?
режија: Барак Хејман и Томар Хејман, Израел/Велика Британија
Говорници за дискусијата се Бенџамин Перкс, претставник од УНИЦЕФ во Македонија, Неда Чаловска од Хелсиншки комитет за човекови права и Јована Ананиевска од Х.Е.Р.А. Дискусијата ќе се одвива помеѓу двата филма со почеток во 20:30 часот.
“Movies that matter” ја користи моќта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда. Филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експерти, уметници, креатори на политики, новинари и граѓанско општество.
Филмовите се со превод на англиски јазик. Влезот е бесплатен.
За филмовите:
What Tomorrow Brings
Филмот навлегува внатре во првото женско училиште во мало авганистанско село. Никогаш порано татковците не им дозволувале на своите ќерки да се образоваат, а сега талибанците им се закануваат со насилство. Од отворањето на училиштето во 2009 година, до првиот клас кој завршил образование во 2015, филмот ги следи испреплетените приказни на ученичките, наставниците, старците во селото, родителите и основачот на училиштето, Разиа Јан. Додека девојчињата учат да читаат и пишуваат, нивното образование се протега подалеку од училниците, додека ги откриваат разликите меѓу животот во кој биле родени и животите кои сонуваат да ги водат.
Who’s Gonna Love Me Now?
Саар Маоз израснал на кибуц во Израел. Кога членовите на неговото семејство дознале за неговата сексуална ориентација, го протерале од заедницата и заминал за Лондон. Таму нашол работа и партнер со што добил можност да живее во слобода. Неговиот свет се распаѓа кога открива дека е ХИВ позитивен. По речиси 20 години живеење во странство, тој наоѓа силата повторно да се соочи со своето семејство, со поддршка од неговите пријатели од Лондонскиот хор на геј мажи. Саар го мачат предрасудите на неговото семејство, но во исто време сака да се помири со своето минато и да се врати во својата родна земја. Во овој чувствителен документарец, гледаме како скршен човек се обидува да ги излекува старите рани и да ги надмине предрасудите и стравот. Придружуван од потресен саундтрак од Лондонскиот хор на геј мажи, Саар се соочува со неговото семејство со разоружувачка искреност.
EN» 13.12.2017 @ 19:00
The Youth Educational Forum and the Embassy of the Kingdom of the Netherlands invite you to “Movies That Matters”, a documentary film festival aimed at marking International Human Rights Day – December 10th.
On December 13th (Wednesday) starting at 7:00 pm in Kino Kultura – Skopje there will be 2 projections: “What Tomorrow Brings” and “Who’s Gonna Love Me Now?”
19:00 h What Tomorrow Brings
Directed by: Beth Murphy, Afghanistan / USA
20:30 h Discussion
21:30 h Who’s Gonna Love Me Now?
Directed by: Barack Heyman and Tomar Heyman, Israel / United Kingdom
Speakers for the discussion are Benjamin Perks, UNICEF Representative in Macedonia, Neda Calovska of the Helsinki Committee for Human Rights and Jovana Ananievska from HERA. The discussion will take place between the two films starting at 8:30 pm.
“Movies that matter” uses the power of the film to support human rights and social justice. The Film Festival serves as a unique platform for dialogue for the public, experts, artists, policy makers, journalists and civil society.
The films are translated into English. The entrance is free.