EN↓18.12.2017 @ 20:00
Кратката есенско-зимска сезона на „Контра кадар“ – Скопје ја затвораме со филмот „Будала“ (рус. „Дурак“, 2014) на еден од водечките гласови на современата руска кинематографија, неприкосновениот мајстор на двосмисленоста, Јуриј Биков, кој се јавува како сценарист и режисер.
Дима Никитин, млад водоводџија, решава да се соочи со локалната корумпирана и порочна власт за да ги спаси животите на 800 луѓе во старо живеалиште, која може да се сруши во секој миг. Соочувањето подразбира големи премрежја и жртви, но клучото прашање кое го потцртува подвигот е: „За кого?“
Како да постапи човекот кој се наоѓа меѓу Сцилата на моќта и Харибдата на апатијата, столченоста на обичните луѓе? Што го тера човекот да направи повеќе одошто мора и до какви последици доведува тоа? За низа вакви прашања кои ги загатнува суптилно сплетениот филмски текст на „Будала“ ќе водиме отворена дискусија по филмот.
Датум: 18 декември, понеделник
Почеток: 20:00 ч.
Место: KINO Kultura
EN» 18.12.2017
The autumn-winter season of “Kontra kadar” – Skopje with the film “Budala” (Russian “Durak”, 2014), one of the leading voices of contemporary Russian cinematography, the undisputed master of ambiguity, Yuriy Bikov, who appears as a screenwriter and director.
Dima Nikitin, a young plumber, decides to face local corrupt and vile power to save the lives of 800 people in an old dwelling, which can crash at any moment. The confrontation involves large disruptions and sacrifices, but the key issue that underlines the feat is: “For whom?”
How to act the man who is between the Power and the Character of Apathy, the plague of ordinary people? What drives a person to do more than must and to what consequences does that bring? For a series of such questions, which will tackle the subtly twisted film of “Budala”, we will conduct an open discussion on the film.
Date: 18.12.2018
Begin: 20:00