EN↓05.03.2018 @ 20:00
Политичката партија „Левица“ на ден 5 март (Понеделник) со почеток од 20:00 часот во просториите на Кино Култура организира трибина со наслов „Грција и Македонија: товарот на името“.
На наше големо задоволство, на оваа трибина ќе земат учество и другарски организации/партии од Грција: Григорис Дафнис од Работничка револуционерна партија – ЕЕК, Николас Скуфоглу од ОКДЕ-Спартакус (членка на антикапиталистичката коалиција АНТАРСИЈА), Петрос Цангарис од Интернационалистичката работничка левица – ДЕА (дел од партијата Народно Единство) и Панајотис Ксоплидис од Нова лева струја – НАР (членка на АНТАРСИЈА). Партијата Народно Единство беше дел од СИРИЗА, но реши да ја напушти владата во моментот кога СИРИЗА ги прифати мерките за штедење и ја погази народната волја на референдумот кој се одржа во август 2015 година.
Веќе длабоко сме навлезени во третата деценија од таканаречениот „спор околу името ‘Македонија‘“ помеѓу двете соседни држави. Особено последните месеци се забележува раздвижување на процесот на разговори воден под покровителството на ОН, но зачестуваат и директните средби помеѓу владините претставници од двете земји. Како што стана веќе очигледно, таквото раздвижување се должи пред сè на планот Република Македонија оваа година да стане триесеттата членка на милитаристичката организација НАТО, нешто што ние како левичарска партија го одбиваме и против кое активно се бориме.
Треба да се обрне внимание и на перцепциите на обичните луѓе (Грци и Македонци) и како тие гледаат на прашањето, особено ако се земе предвид дека луѓето се соочуваат со истите социјални проблеми од двете страни на границата и се константно изложени на влијанието на доминантната националистичка пропаганда.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!
EN»
The political party “Levica” on March 5 (Monday), starting at 8 pm, organizes a forum entitled “Greece and Macedonia: the burden of the name” in the space of Kino Kultura
We are already deeply into the third decade of the so-called “name dispute” Macedonia “between the two neighboring countries. Particularly in recent months, there has been a stir in the process of talks conducted under the auspices of the UN, but direct meetings between government officials from both countries are also frequent. As it became obvious, such a move is due primarily to the plan for the Republic of Macedonia this year to become the thirtieth member of NATO’s militarist organization, something that we as a leftist party reject and against which we are actively fighting.
Different friendly organisations/parties from Greece will take part in this tribune.
We are expecting you!