EN↓10.03.2018 @ 12:00
Деновиве, во орбитата на македонскиот општествен простор, лансираме ново непрофитно и непартиско тело, формирано заради вршење дејности поврзани со поддршка на лицата со попреченост, која ќе овозможи максимално независно функционирање на секоја засегната индивидуа во секој значаен сегмент од животот. Го нарековме ПРКОС. Тоа не сака класично да се промовира, туку почнува со првата акција и организира трибина на тема „На што мислам кога велам попреченост“.
Ќе се зборува за трите клучни аспекти на појавата – општествен / социолошки, психолошки и културолошки. Говорници се Огнен Спасовски, Никола Гелевски и Мариглен Демири. Модератор на дискусијата е Синоличка Трпкова. Сите учесници се стручњаци во своите области, добро познати на јавноста. Огнен е професор на Факулетот за психологија на УКИМ, а негов потесен научен интерес е инклузивното образование на лица со посебни потреби. Коља е книжевник и уредник на Окно, и предводник на овдешните прогресивни културни текови. Мариглен е професор по филозофија, учесник на иницијативи и движења кои се однесуваат на социјалната правда и вклучување на малцинствата во општеството. Ноли колку што е значајна актерка и професорка, толку е и голема хуманистка.
Место на одржување на настанот е кино Култура. Бидете таму на 10ти март, во 12 часот, за да отвориме едно поинакво поглавје на оваа чувствителна тема!
EN»10.03.2018 @ 12:00
Nowadays, in the orbit of the Macedonian social space, we launch a new non-profit and non-party body, established for the purpose of performing activities related to the support of persons with disabilities, which will enable maximum independent functioning of each affected individual in every significant segment of life. We called PRKOS. It does not want to classically promote it, but starts with the first action and organizes a debate on the topic “What do I mean when I say disability”.
We will talk about the three key aspects of the phenomenon – social / sociological, psychological and cultural. Speakers are Ognen Spasovski, Nikola Gelevski and Mariglen Demiri. Moderator of the discussion is Sinolicka Trpkova. All participants are experts in their fields, well-known to the public