/македонски подолу/
14.03 .2018// 17.03.2018//18.03.2018
„Caravan Next“ is a project that connects the artists with their local community and the citizens through a network of Theatre organizations and cultural institutions around Europe.
Following the events organized in Subotica and Mostar, European Association for Local Democracy – ALDA, in cooperation with the Theatre of Navigator Cvetko and Lokomotiva Skopje, organizes a series of cultural activities in Skopje. Within this event, several lectures, workshops and performances will be realized. The activities that will be implemented are inspired by the Augusto Boal’s Theatre of the oppressed.
The three forms of the Theatre of the oppressed will be presented in order to touch on the daily lives of the citizens, where a clear barrier between the oppressor and the oppressed exists and in that way to “provide” the affected groups in the society with tools to fight.
The programme foresees workshops and performances which will be presented as Forum theatre, Invisible theatre and Image theatre to be realized from 14th to 18th March in Skopje.
The following activities are open to the wide public:
14 March
18:00-19:30 – Lecture by prof. Zoja Buzalkovska (Kino Kultura)
Augusto Boal’s “Theatre of the oppressed”, introductory lecture by prof. Zoja Buzalkovska, professor of Acting at the Faculty of Dramatic Arts in Skopje, theatre director and journalist.
17 March
19:00 – 20:30 – Lecture by prof. Rita Maria Fabris (Kino Kultura)
Lecture by prof. Rita Maria Fabris from the University of Torino in Italy on the topic “Social Community Theatre and Dance: the Turin avant-garde experience”.
18 March
18:00 – 20:00 – Forum theatre (Kino Kultura)
Forum theatre, theatrical game where the problem is presented in an unsolved form, inviting the “spect-actors” to suggest and come up with solutions. The problem is always a symptom of oppression and usually includes a visible oppressor and a protagonist who is oppressed. The game is a form of contest between the spect-actors who are trying to give a different ending of the play.
_______________________________
/македонски/
„Caravan Next“ е проект кој ги поврзува уметниците со локалната заедница и граѓаните преку мрежа од театарски организации и културни институции ширум Европа.
По организираните настани во Суботица и Мостар, Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА, во соработка со Театар на Навигаторот Цветко и Локомотива Скопје организира серија културни активности во Скопје. Во рамки на овој настан ќе бидат одржани предавања, работилници и јавни изведби инспирирани од практиките на „Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал.
Ќе бидат опфатени трите форми на „Театарот на угнетените“ со цел да се допре до секојдневниот живот на граѓаните каде постои јасна поделба на угнетувачи и угнетувани и на тој начин да им се „дадат“ алатки за борба на загрозените групи во општеството.
Програмата предвидува работилници и перформанси кои ќе се преточат во Форум театар, Невидлив театар и Сликовен театар и ќе се одвиваат од 14 до 18 март во Скопје.
Активностите отворени за поширока јавност се следните:
14 март
18:00-19:30 – Предавање на проф. Зоја Бузалковска (Кино Култура)
„Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал, воведно предавање на проф. Зоја Бузалковска, редовен професор по Актерска игра на Факултетот за драмски уметности Скопје, театарски режисер и новинар.
17 март
19:00 – 20:30 – Предавање на проф. Рита Мариа Фабрис (Кино Култура)
Предавање на проф. Рита Мариа Фабрис, гостин од Универзитетот во Торино, Италија на тема „Социјалниот театар и танцот: авангардно искуство од Турин“
18 март
18:00 – 20:00 – Форум театар (Кино Култура)
Форум театар, театарска игра во која проблемот е покажан во една нерешена форма, гледачите постануваат „глед-актери“ и се поканети самите да сугерираат и донесат решенија. Проблемот е секогаш симптом на угнетување и генерално вклучува видлив угнетувач и протагонист кој е угнетуван. Играта е форма на натпревар помеѓу глед-актерите кои се обидуваат да ѝ дадат поинаков крај на претставата.