Театарска претстава „Солун, град на духови“

EN↓03.04.2017 @ 20 :00

Театар на Навигатор Цветко/ Театарска претстава: Солун, град на духови” 

Текст на Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер, музика на Златко Ориѓански, во режија на Слободан Унковски.

Актери: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ

Претставата е продукција на Театар на Навигаторот Цветко, Скопје, со поддршка на Министерство за култура на Р.Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.

Хрониката „СОЛУН,ГРАД НА ДУХОВИ“, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија.  Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.

Од авторот:
„…Драмата „Лерин, полиња жито, ридишта крв“ е инспирирана од повеќе извори; книги, монографии, весници, фотографии… за Граѓанската војна во Грција (1946 – 1949) и нејзините последици. Градот Лерин е трагична метафора за граѓанската војна воопшто.
Вистинските настани станале животни приказни, а човечките несреќи „драма на сеќавањето“. Првата книга, што ја прочитав во текот на моите истражувања, беше „Полиња жито, ридишта крв“ од Анастасија Каракасиду. Во неа видов како еден млад научник бескомпромисно трага по вистината, така што главниот лик го доби името Анастасија…“

Локација: Кино Култура
Време: 20:00
Билети : 200 ден. (резервација на kinokultura2015@gmail.com)


EN» 03.04.2017 @ 20 :00

Theatre performance: “Salonica, City of ghosts

Dramaturgy Rusomir Bogdanovski, inspired by the book “Salonica, City of Ghosts” by Mark Mazower, music by Zlatko Origjanski, directed by Slobodan Unkovski.

Actors: Simona Dimkovska, Ivana Pavlakovic, Natalija Teodosieva, Stefan Vujisic, Martin Manev, Goran Nikov and Vladimir Petrovic.

Location: Kino Kultura
Time: 20:00
Tickets: 200 MKD (reservation kinokultura2015@gmail.com)