ККСК 53: Equilibrium – Проблемот на злото и моралноста

EN ↓30.04.2018 @ 20:00

ККСК 53: Equilibrium – Проблемот на злото и моралноста
Има уште едно уверување кое е втемелно во Јудео-христијанската традиција, но кое станува се поретко во постмодерниот свет каде што прашањето на моралното зло е речиси исклучиво поврзано со прашањето на идентитетите во рамките на радикалниот индивидуализам. Ова уверување е дека моралната состојба на човештвото произлегува од фактот дека е создадено на образ Божји и дека сетилата, кога се правилно насочени и употребени се дар од Бог за заедничарење во љубов и хармонија.

Дистопскиот филм „Еквилибриум” кој замислува свет без емоции во блиската иднина како начин на надминување на општествно морално зло ќе ни биде појдовна точка во овие размисли.

Гости на оваа кино-дебата ќе ни бидат:
Пензионираниот професорот Љубомир Цуцуловски од Филозовскиот факултет. Филозоф и автор со многубројни книги, стручни публикации и есеи. Во 2000 година е избран за претседател на универзитетскиот сенат на св. Кирил и Методиј.
Шеф на катедрата по филозофија два мандати (1999 – 2005)
Во 2007 е назначен за professor ordinarius.

Неговиот филозофски интерес е насочен, пред сè, кон проблемот на човековото оттуѓување, кон темелните филозофски прашања и проблемите што се непосредно поврзани со метафизичките прашања за Бог, за неговото постоење, за доброто и злото, под претпоставката дека седобриот, сеумниот и семоќен Бог го создал светот. Оттука, според него, едно од централните прашања на секоја филозофија на религијата е теодикејата. На планот на социјалната и политичка филозофија близок е до Марксовите анализи и сознанија за состојбите и процесите во современиот свет.

Коста Милков, основач и Претседател на Балканскиот институт за вера и култура во чии рамки се организира програмата „Конекција Оксфорд” од 2011. Преку неа студенти на постдипломски и докторски студии, како и професори од Оксфордскиот универзитет гостуваат во Македонија во размена на знаења и искуства со академските институции и со пошироката јавност.

Докторирал теологија на универзитетот Оксфорд.
Автор е на стручни публикации и есеи, како и на поезија, на збирка кратки раскази и на еден детски роман.
Организатор е на бројни конференции и сертифициран организатор на „Veritas Forum” во Македонија.


EN »30.04.2018 @ 20:00

ККСК 53: Equilibrium

There is another conviction that is rooted in the Judeo-Christian tradition, but it is becoming less common in the postmodern world where the issue of moral evil is almost exclusively related to the identity issue within radical individualism. This assurance is that the moral condition of mankind stems from the fact that it is created in the image of God and that the senses, when correctly directed and used are the gift of God for communion in love and harmony.

The dystopian film “Equilibrium” that imagines a world without emotion in the near future as a way of overcoming social moral evil will be our starting point in these considerations.