Бојана Кунст- „Уметничките институции и еднаквоста во собирите“

EN↓ 04.05.2018 @ 19:00

ПРЕДАВАЊЕ: “Уметничките институции и еднаквоста во собирите”, Бојана Кунст
во рамките на шестото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, во организација на Tiiiit! Inc., во соработка со LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

Апстракт за предавањето:
Предавањето се фокусира на нападите врз уметничките институции, претстави, изведувачки фестивали и други уметнички настани, кои се поврзани со порастот на популизмот и национализмот во Европа. Често коинцидираат со криминализацијата на уметниците и реевалуацијата на националните и државните институции. Поврзани се и со серијата мерки на штедење и буџетски скратувања во независниот културен сектор, кои често се користат како серија на преиспитувања и прилагодувања на хиерархиското и популистичкото разбирање на уметноста, со што се засенуваат и осиромашуваат многу уметници и уште повеќе се маргинализира нивната веќе несигурна позиција. Оттука, истиот покровителски и популистички дискурс кој го карактеризира владеењето со граѓаните, важи и кога се набљудува позицијата на уметничките практики и уметничките институции: просторот за плуралност во изразувањето и алтернативните уметнички форми рапидно се стеснува, се случуваат интервенции во однос на разновидноста на културните изрази и општо се напаѓа естетскиот и политичкиот плурализам на јавните собири.
Би сакала да претставам како овие напади резултираат со оневозможување на било какво навестување на институционалната еднаквост на јавните собири и нивна невидливост. Целта е да се избрише инфраструктурната поддршка која е потребна не само за опстанокот на практиките, туку и за континуитетот на автономниот политички и естетски израз.

*
Бојана Кунст е филозоф, драматург и теоретичарка на изведувачки уметности. Директорка е на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг Гисен, каде што воедно и предава и ја води меѓународната магистерска програма „Кореографија и изведба“. Членка е на уредничкиот одбор на списанието “Мaska”, “Amfiteatr” и “Performance research”. Нејзината последна книга “Artist at Work, Proximity of Art and Capitalism” („Уметникот на работа, близината на уметноста и капитализмот”) е издадена од Zero Books, Винчестер, Лондон (2015).

Гостувањето на Бојана Кунст е реализрано со подршка на East European Performing Arts Platform (EEPAP).

Локација: KINO Kultura
Време: 19:00

***
Предавањето „Уметничките институции и еднаквоста во собирите“ е дел од програмата „Уметност, Политика, Институции иТело“. За повеќе детали за програмата:
https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/

ПОвеќе за шестото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО :
https://www.facebook.com/events/160134238001025/


EN» 04.05.2018@19:00

LECTURE: “Artistic institutions and the equality of gatherings”,
Bojana Kunst
in the frame of the sixth edition of the festival for feminist culture and action “ПРВО ПА ЖЕНСКО in collaboration with LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

Abstract of the lecture
The lecture will be focused on the attacks on the artistic institutions, performances, performance festivals and other artistic events, which are all related to the rise of populism and nationalism in Europe. They often happen together with the criminalization of artists and re-evaluation of the national and state institutions. They are also related to the series of austerity measures and cuts into the non-governmental sector of culture, which are often used as series of re-evaluations and adjustments to the more hierarchical and populist understanding of art, throwing many artistic agents into invisibility and poverty and marginalizing their already precarious situation even more. Therefore, the same paternalistic and populist discourse which characterizes the governing of the citizens, is also at work when observing the position of art practices and art institutions: the space for the plurality of expression and the alternative forms of art is rapidly narrowing down and there are interventions into the multiplicity of cultural expressions and coming together, attacks on the aesthetic and political plurality of gatherings. I would like to show how the common result of various attacks is to disable every hint of institutional equality of gatherings and make such common practices invisible. The goal is to erase the infrastructural support which is needed not only for survival of those practices, but also for the continuity of autonomous political and aesthetic expression.

*
Bojana Kunst is a philosopher, dramaturg, and performance theoretician. She is the director of the Institute for Applied Theater Studies in Justus Liebig University Giessen, where she is also working as a professor and leading an international master program for Choreography and Performance. She is a member of the board of editors of the magazines: “Maska”, “Amfiteater” and “Performance Research”. Her last book is “Artist at Work, Proximity of Art and Capitalism” that was published by Zero Books, Winchester, London, 2015.

The lecture of Bojana Kunst and her stay and work in Skopje is supported by East European Performing Arts Platform (EEPAP).

Location: KINO Kultura
Time: 19:00
***
The lecture: “Artistic institutions and the equality of gatherings” is part of the program : “Art, Politics, Institution and Body”. For more details:
https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/

More details about the sixth edition of the festival for feminist culture and action “ПРВО ПА ЖЕНСКО:
https://www.facebook.com/events/160134238001025/