Паскал Гиелен- Предавање-“Граѓанската акција помеѓу креативноста и криминалноста“

EN↓09.05.2018@20:00

Предавањето „Граѓанската акција помеѓу креативноста и криминалноста” е дел од сесијата работилници и предавање на Паскал Гиелен “ART BEYOND THE CREATIVE CITY/ ART, POLITICS AND URBAN LIFE” како дел од програмата „Уметност:: Политика:: Институции:: Тело“, во организација на LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

Како дел од сесијата се предвидени отвореното предавање „Граѓанската акција помеѓу креативноста и криминалноста” – 9 мај во 19:00
и затворените работилници на теми „ Macro-Sociological Changes and Global Culture “ и “Macro-Sociological Changes and (Art) Institutional Shifts” на 9 и 10 мај, наменети за група на млади професионалци, кои се дел од програмата „ У.П.И.Т.“

Повеќе детали за програмата:
https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/

Општ вовед во работилниците / предавањата

Бидејќи финансиската криза започна на крајот од 2007 година, многу влади направија намалување на буџетот на културното и уметничкото поле. Инспирирани од критичната општествена теорија на Херберт Маркузе (1964), овие политички одлуки постанаа дел од една идеолошка рамка како “репресивен либерализам”.Тоа е (културна) политика што од една страна прокламира слобода на поединецот, стимулира културно претприемништво и го прифаќа креативениот град, но од друга страна го развива во големи размери децентрализираниот контролен апаратус, кој силно го ограничува поединецот и уметничката слобода. Во рамките на оваа културна политика самата креативна работа може исто така да биде “инструментализирана” како репресивна алатка. Во овие работилници и предавање Гиелен го анализира односот помеѓу уметноста, политиката и јавниот простор во креативниот град на глобално ниво. Исто така, гледа како активистите и креативните “работници” одговараат на оваа политика, организирајќи се на алтернативни начини.

За предавањето
“Граѓанската акција помеѓу креативноста и криминалноста”

Во своето предавање Гиелен ја анализира врската помеѓу уметноста, политиката и јавниот простор во креативниот град. Тој разгледува како уметниците и други креативни “работници” одговараат на оваа современа неолиберална политика преку превземање граѓанска акција во сивата зона помеѓу креативноста и криминалот. Предавањето е засновано на истражување кое Гиелен го направи за Европската културна фондација за улогата на уметничките и културните организации во градењето на транснационален граѓански простор. Истражувањето резултираше со анализа на тоа како граѓанската акција се одвива и како уметноста може да игра клучна улога во т.н. “граѓански синџир”. Резултатите од истражувањето се објавени во книгите No Culture, No Europe; Interrupting the City and The Art of Civil Action.

БИО
Паскал Гиелен е редовен професор по социологија на уметност и политика во Антверпенскиот истражувачки институт за уметност (Антверпен универзитет – Белгија), каде што го води Заводот за истражување на културата (Culture Commons Quest Office-CCQO). Гиелен е главен и одговорен уредник на меѓународната серија на книги “Уметности во општеството”. Во 2016 година тој стана лауреат на грантот Odysseus за одлични меѓународни научни истражувања на Фондот за научни истражувања Фландрија во Белгија. Неговото истражување се фокусира на креативната работа, институционалниот контекст на уметноста и на културната политика. Гиелен објави многу книги кои се преведени на англиски, корејски, полски, португалски, руски, шпански и турски јазик.

Комплетната биографија можете да ја најдетете на www.ccqo.eu – ‘Team’

Локација: KINO Kultura
Време: 19:00
______________________________________________________
EN» 09.05.2018@20:00

The lecture “Civil Action Between Creativity and Criminality” is part of the workshop session and lecture by Pascal Gielen “ART BEYOND THE CREATIVE CITY / ART, POLITICS AND URBAN LIFE ” as part of the program” Art: Politics: Institutions: Body “,organised by LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

As part of the session, closed workshops on the topic “Macro-Sociological Changes and Global Culture” and “Macro-Sociological Changes and (Art) Institutional Shifts” will be held on May 9 and 10, intended for a group of young professionals who are part of the program “U.P.I.T.”

For more details:
https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/

General introduction into the Workshops/Lectures
Since the financial crisis started at the end of 2007 a lot of governments do budget cuts in the cultural and artistic field. Inspired by the critical social theory of Herbert Marcuse (1964), these policy decisions are understood within an ideological framework as ‘repressive liberalism’. That is a (cultural) politics that on the one hand proclaims individual freedom, stimulates cultural entrepreneurship and embraces the creative city, but on the other hand develops a large-scale decentralized control apparatus that strongly restricts individual and artistic freedom. Within this cultural policy creative labor itself can also be ‘instrumentalized’ as a repressive tool. In these workshops and lecture sessions Pascal Gielen analyses the relationship between art, politics and the public space in the creative city on a global level. He also looks how activists and creative ‘workers’ respond to this policy by organizing themselves in alternative ways.

LECTURE: Civil Action Between Creativity and Criminality

In his lecture Gielen analyses the relationship between art, politics and the public space in the creative city. He looks how artists and other creative ‘workers’ respond to this contemporary neoliberal policy by taking civil action in the grey zone between creativity and criminality. The lecture is based on a research Gielen did for the European Cultural Foundation about the role of art and cultural organizations in building a transnational civil space. The research resulted in an analysis of how civil action takes place and how art can play a pivotal role in a so called ‘civil chain’. The results of the research are published in the books No Culture, No Europe; Interrupting the City and The Art of Civil Action.

BIO
Pascal Gielen is full professor of sociology of art and politics at the Antwerp Research Institute for the Arts (Antwerp University – Belgium) where he leads the Culture Commons Quest Office (CCQO). Gielen is editor in-chief of the international book series Arts in Society. In 2016 he became laureate of the Odysseus grant for excellent international scientific research of the Fund for Scientific Research Flanders in Belgium. His research focuses on creative labour, the institutional context of the arts and on cultural politics. Gielen has published many books which are translated in English, Korean, Polish, Portuguese, Russian, Spanish and Turkish.

BIO of Gielen you can find at www.ccqo.eu – ‘Team’

Location: KINO Kultura
Time: 19:00