EN↓17.05.2018 @ 18:00
З.Г.“Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата” -Скопје има чест да ја организира програмата “Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019”, која ќе се оддржи во периодот од 11ти до 20ти мај во Охрид, Струга и Скопје.
Програмата “Европска диплома” има за цел да ја поттикне културната разновидност и меѓурегионалните размени. Преку подобрување на вештините на културните менаџери во областа на културниот менаџмент, програмата настојува да се развијат капацитети и алатки потребни за културна соработка во Европа, а на тој начин да се издигне културата во Европа на едно повисоко ниво.
:::::::::::::::::::::::
Во рамки на програмата наменета за пошироката јавност, ќе се одржи дискусија на тема „Културни политики на Р.Македонија и меѓународна соработка” на која ќе учествува Министерот за култура на Република Македонија, г-дин Роберт Алаѓозовски, претставници од институциите за култура во Р. Македонија, од независната сцена и експерти. Дискусијата ќе биде модерирана од Жан Пјер Деру.
Оваа дискусијаќе се одржи на 17ти мај (четврток) во 18:00 во Кино Култура.
::::::::::::::::::::::::
Како дел од програмата во Македонија ќе присуствуваат 15 културни оператори од Франција, Норвешка, Србија, Сирија, Буркина Фасо, Полска, Беларусија, Шведска, Белгија и Холандија, кои заедно со културните оператори од институциите, како и од независниот сектор од Македонија, ќе имаат можност да проследат предавања од експерти од Европа на теми: „Перспективи и програми од областа на културата на Европска Унија“ со Бенедикт де Броувер, „Поттикнување на промена и развој во управувањето со проекти” со Џонатан Гудакр, “Партнерски проекти за културна соработка и културно вмрежување” со Жан Пјер Деру.
Во рамки на програмата културните оператори од Европа исто така ќе посетат наши институции и организации од независниот сектор, односно ќе се запознаат со културните оператори од Македонија и нивната работа, со цел понатамошни меѓународни соработки.
***
Програмата “Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019” е во организација на Фондацијата Марсел Хиктер од Брисел која ја организира веќе 20тина години, и преку која се вмрежуваат и развиваат професионални капацитети на над 2.000 културни оператори од целиот свет.
Првиот дел од “Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019”, организиран од LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture, а целосно поддржан од Минстерство за култура на Р. Македонија, е во соработка со Muzej na sovremenata umetnost – Skopje,National Gallery of Macedonia – Национална галерија на Македонија и Здружение “ИНКА”, Струга.
__________________________
EN» 17.05.2017 @ 18:00
“Locomotiva – Center for new initiatives in the arts and culture” -Skopje has the honor to organize the program “European Diploma in Project Management in Culture 2018/2019”, which will be held in the period from May 11 to May 20 in Ohrid , Struga and Skopje.
The European Diploma Program aims to foster cultural diversity and inter-regional trade. By enhancing the skills of cultural managers in the field of cultural management, the program seeks to develop the facilities and tools needed for cultural cooperation in Europe, thus raising Europe’s culture to a higher level.
::::::::::::::::::::::::::
Within the framework of the program intended for the wider public, a discussion will be held on the topic “Cultural policies of the Republic of Macedonia and international cooperation”, with the Minister of Culture of the Republic of Macedonia, Mr. Robert Alagjozovski, representatives of the institutions for culture in the Republic of Macedonia, experts and representatives of the independent scene in Macedonia.The discussion will be moderated by Jean Pierre Deru.
This discussion will take place on May 17th (Thursday) at 18:00 in Cinema Culture.
::::::::::::::::::::::::::
As part of the program in Macedonia will be included 15 cultural operators from France, Norway, Serbia, Syria, Burkina Faso, Poland, Belarus, Sweden, Belgium and the Netherlands, which together with cultural operators from institutions as well as from the independent sector from Macedonia have the opportunity to follow lectures from experts from Europe on topics such as: “European Union Culture Perspectives and Programs” with Benedict de Brouwer, “Promoting Change and Development in Project Management” with Jonathan Goodakre, “Creative Cool Projects urn cultural cooperation and networking “with Jean Pierre Deruta.
Within the framework of the program, cultural operators from Europe will also visit our institutions and organizations from the independent sector, they will get acquainted with the cultural operators from Macedonia and their work, in order to further international cooperation.
***
The “European Diploma in Project Management in Culture 2018/2019” program is organized by the Marcel Hikter Foundation from Brussels, which has been organized for over 20 years, through which the professional capacities of over 2,000 cultural operators from all over the world are networked and developed.
The first part of the European Diploma in Project Management in Culture 2018/2019, organized by LOKOMOTIVA-Center for New Initiatives in Arts and Culture, is fully supported by the Ministry of Culture of the Republic of Macedonia in cooperation with Muzej na sovremenata umetnost – Skopje ,National Gallery of Macedonia – Национална галерија на Македонија. and the association “INKA”, Struga.