Срамота! Вечер на раскажување квир приказни

EN↓ 01.06.2018 @ 21:00

Срамота!
Вечер на раскажување квир-приказни

1 јуни
21.00 часот
Кино Култура
Влезот е слободен

Како и минатогодишниот Викенд на гордоста, годинава започнуваме со овој промо-настан. Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесениво својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат.

Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило,
пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа.

Модераторки: Румена Бужаровска и Ана Василева

Повеќе за настанот: https://www.facebook.com/events/488304048239608/


EN» 01.06.2018 @ 21:00

June 1
21.00 h
Kino Kultura
The entrance is free

Like last year’s Skopje Pride Weekend  this year we are starting this promotional event. Some storytellers in the public cultural, political, and social sphere tell short stories about the bodily, gender, and sexual shame that marked their social negativity – hence, “queer” like what comes out of the acceptable social code. With these publicly spoken stories, the shame is turned over and transformed, the ridiculer becomes a ridiculer – shame returns back to those who are entangled in their arrogance and privilege, assume that they have the right to be gender, sexual and moral police, and humiliate.

With these stories, from the shame of our wishes, pleasures, behaviors, movements and thoughts, we build narratives of resistance. Our shame becomes our pleasure and happiness. Instead of the reduced head and the flaccid redness,
we defy. Instead of unbearable choking inwards in ourselves, we are exploding with laughter.

Moderators: Rumena Buzharovska and Ana Vasileva

More about the event: https://www.facebook.com/events/488304048239608/