EN↓ 11.06.2018@ 13:00
Анимагија! Како да снимиме приказна? Како да направиме предмети да се движат? Да запалиме куќа без ништо да изгори?
18 деца од Едукативниот центар на Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ во Шуто Оризари најдоа одговор на овие прашања за време на двомесечните работилници за Stop-motion техника. Тие научија како да ја користат камерата, како да работат со оваа техника и како да ги раскажуваат нивните приказни. Направија свои кратки анимирани видеа и се многу горди да Ви ги покажат!
Кога: 11ти јуни, 13:00 часот
Каде: Кино Култура
Влезот е бесплатен. Дојдете заедно да ја прославиме премиерата!
Голема благодарност до Кино Култура за просторот и за Schüler Helfen Leben од Германија што го финансира овој проект.
EN» 11.06.2018 @ 13:00
Animagija! How do we film a story? How do we get non-living things to move? And how do we set a house on fire without burning anything?
18 kids from the educational center of the Center for Social Initiatives „Nadez“ in Shuto Orizari found their own answers to these questions during two months of workshops working with the Stop-Motion-Technique. They learned how to use the camera, how to work with this technique and how to tell their stories. They produced their own small animated videos and are now very proud to show them to you!
When: The 11th of June, 13:00
Where: Kino Kultura
The entrance is free. Come celebrate the premiere with us!
A big thank you goes to Kino Kultura for providing the space and the set-up and to Schüler Helfen Leben, who are financing the project.