EN↓ 12.06.2018
Почитувани театарски колеги (професионалци и студенти), новинари и преведувачи од германски јазик,
Ве покануваме на инспиративно предавање и креативна работилница со Улрике Зиха, драматург и драмска авторка од Хамбург, Германија.
Кратка биографија – Улрике Зиха (Визбаден, 1976) е драмска авторка и драматург, живее и работи во Хамбург, Германија. Координатор е на германската секција на европската мрежа ЕУРОДРАМ. Своето знаење и методи за драмско пишување ги споделува на многу меѓународни фестивали за театар и изведбени уметности во Европа и светот. Досега соработувала на претстави во режија на еминентните Alexander Lang, Wolfgang Engel, Konstanze Lauterbach, Matthias Brenner, Johanna Schall, и Peter Kastenmüller. Таа досега има стекнато повеќе престижни награди
Листа на селектирани драмски дела:
“Mao und ich” (i.a. “Mao and I”)
Премиера – Nationaltheater Mannheim, 2013
“Radikale” (i.a. “Radicals”)
Премиера – Theater Cehmnitz, 2012
“Privatleben” (i.e. “Private Life”)
Премиера – Chemnitz, 2008
“Da drängt was” (i.e.”Something Urgent”),
Премиера – Jena Theaterhaus, 2004
“Fremdenzimmer I-III” (i.e.”Hotel Rooms I-III”)
Прв дел – Премиера – Kassel Staatstheater “Hotel Project” како копродукција на Forum Junge Dramaturgie, 2002 / Втор дел – Aachen Theater, Enervé Monologues, 2003 / Трет дел – Theaterdiscounter, Berlin, 2003
“Nomaden” (“Nomads”)
Премиера – Tübingen Landestheater, 2003
“Autofahren in Deutschland” (“On the Road in Germany”)
Премиера – Thalia Theater, Hamburg
“Kunstrasen” (“Artificial Lawn”)
Премиера – Leipzig Schauspiel, 2001
Повеќе за Улрике Зиха на следниов линк: http://www.goethe.de/kue/the/nds/nds/aut/syh/enindex.htm#518843
ПРОГРАМА: Poor Little Rich Drama (2018-2020)/ Сирота мала богата драма (2018-2020)
ПРОЕКТ: Contemporary German Theater Play Writers (2010/2017)/ Современи германски драмски автори (2010-2017)
ПРЕДАВАЊЕ: “WHO IS THE AUTHOR?” – RECENT TRENDS IN CONTEMPORARY GERMAN THEATRE/ „Кој е авторот?‘‘ Актуелни трендови во современиот германски театар
The lecture will provide an overview of recent trends in German contemporary theatre (2010-2017), using both video and text-based examples. It will introduce influential voices from the fields of written drama, devised theatre, and other types of text production, offering insights into related debates.
Предавањето ќе овозможи преглед на актуелните трендови во современиот германски театар (2010-2017), преку видео и текстовни примери. Ќе ви ги претстави влијателните гласови од доменот на пишаната драма, поделениот театар и друг тип на текстовни продукции, нудејќи директен поглед во поврзани дебати.
(Предавањето е отворено и е наменето за сите театарски уметници, истражувачи, професори, студенти, новинари, книжевни преведувачи од германски јазик и љубители на театарот).
Времетраење на предавањето: 1 час предавање; 20 минути Q&A сесија
Официјален јазик за предавањето и работилницата: Англиски јазик (без превод на македонски јазик)
КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА: “WHO AM I, THE AUTHOR?”- WRITING STRATEGIES AND CHALLENGES IN CONTEMPORARY THEATRE/„Кој сум јас, авторот?“- Стратегии за пишување и предизвици во современиот театар
The workshop is aimed at playwrights at the start of their careers. We will discuss the challenges and hazards of contemporary playwriting, including changing types of authorship and their impact on the position of the author in theatre.
Работилницата е наменета за драмски автори кои се на почетокот на својата кариера. Ќе ги дискутираме предизвиците и хазардерството на современото драмско пишување, вклучувајќи ги и променливите видови на авторство и нивниот импакт врз позицијата на авторот во театарот денес.
(Работилницата е наменета за драмски автори, писатели, поети, преведувачи од германски јазик кои зад себе имаат најмалку еден објавен или еден поставен драмски текст; најмалку една објавена авторска книга, најмалку еден книжевен превод)
Времетраење на работилницата: 2 часа (120 минути)
Официјален јазик за предавањето и работилницата: Англиски јазик (без превод на македонски јазик)
КРАЕН РОК ЗА ВАШИТЕ ПРИЈАВИ: 27 мај /недела 2018, на следниов имејл: macedoniancenterofiti@gmail.com, со назнака „за учество на работилница со Улрике Зиха‘‘, со ваша кратка биографија до 1 страна на англиски јазик.
ВАЖНО: По формирањето на групата која ќе учествува на практичната работилница, Македонскиот центар на ИТИ ќе ги поврзе со менторката за подготовките и задачите кои треба да се изработат до почетокот на работилницата.
Иницијатори и организатори на гостувањето и соработката со Улрике Зиха е Македонскиот центар на ИТИ во соработка со Гете Институт Скопје. Партнери на проектот се Кино Култура Скопје.
Овој проект е дел од програмата Сирота мала богата драма (програма посветена на недефинираното место на современата македонска драма, дома и во светот) дизајнирана од Доцент д-р Иванка Апостолова (Ликовен антрополог) – Раководител на Македонскиот центар на International Theater Institute.
Линк. https://www.iti-worldwide.org/macedonia.html
https://www.facebook.com/pg/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute/photos/?tab=albums
Искрена благодарност до Гете Институтот Скопје, Германскиот и Европски центар на ИТИ, проектот Пасаж23Е.