EN↓28.09.2018@ 19:00
И ден-денес девојките и жените во Македонија мораат да чекаат по три дена за легален абортус – доколку им се одобри. Младите во Дебар, пак, можат да гледаат фудбал во секое кафуле, но кондоми можат да си купат само од една бензинска. Со таква достапност не е ни чудно што само 13% од паровите кај нас користат модерна контрацепција. Гинеколошките столови за девојките и жените со попреченост во земјава се бројат на една рака, а машките најчесто првпат одат кај уролог дури откако ќе сфатат дека чајот за простатата не е чаре. Наместо во училишните клупи, за сексуално преносливите инфекции и сексуалноста се „учи“ од интернет-форуми, а говорот на омраза и насилството ко пиреј виреат во соблекувалните, училишните ходници и на екраните.
Табу темите нема сами да се срушат! Инспирирани од концептот на TED, а по повод 28 септември – Меѓународниот ден за безбеден и легален абортус и 26 септември – Светскиот ден на контрацепцијата, решивме да ги отвориме овие теми јавно и гласно, пред публика, со озвучување. Замисливме едукативно-инспиративен настан за сексуалноста и сексуалните права и го нарековме SexEd!
Во фокусот на првото издание ќе ни бидат правото на избор и сеопфатното сексуално образование – локално и глобално – а на сцена ќе имаме 7 говорнички/-ци и приказни што ежат и охрабруваат!
SexEd е отворен за сите! Ќе зборуваме на македонски и англиски, а од превод ќе имаме само знаковен.
Присуството е бесплатно, а пријавувањето е задолжително на https://bit.ly/2pmB7Sl и отворено додека не го пополниме Кино Култура.
За да престанеме да се лажеме, треба да почнеме да зборуваме!
#АјДаНеСеЛажемеЗа #Абортус #ССО #SexEd
EN» @ 28.09.2018 @19:00
Nowadays, girls and women in Macedonia have to wait for three days for legal abortion – in case they get an approval. Young people in Debar can watch football in every café but they can buy condoms only at one nearby gas station. It is therefore not surprising that modern contraception is used by only 13% of couples in our country. Gynecological chairs for girls and women with disabilities can be counted on the fingers of one hand whereas men most often meet their urologist for the first time only after they realize that the tea for prostate is not the answer. Instead at school, children “learn” about sexually transmitted infections and HIV via online forums while hate speech and violence grow like weed in locker rooms, school hallways and on screen.
Inspired by the concept of TED talks and in order to mark both 28 September – International Safe Abortion Day and 26 September – World Contraception Day, we’ve decided to talk about these issues openly and publicly. This is how we’ve come up with our first SexEd – an educational and empowering event about sexuality and sexual rights!
In the spotlight? The right to choice and the comprehensive sexuality education – both locally and globally – and 7 speakers with breathtaking and encouraging stories.
SexEd is open to everyone! We will talk in Macedonian and English but will provide only sign language translation.
The whole SexEd experience is for free but registration is a must and open until all seats are reserved: https://bit.ly/2pmB7Sl
If we want to break the taboos, we have to start talking!
#LetsTalkAbortion #LetsTalkCSE #SexEd