EN↓02.11.2018 @20:00
Петок 2 ноември 2018 година со почеток во 20 часот, во Кино Култура ќе се одржи премиерата на претставaта „Осамениот запад“ од Мартин МекДона, во продукција на Театар на Навигаторот Цветко како дел од програмaта на Кино Култура.
Режија: Јане Спасиќ
Играат: Оливер Митковски, Ненад Митевски, Драган Довлев, Матеа Јанковска
Сценографија: Енес Деари
Костимографија: Бранкица Јордановска
Превод на текстот: Горјан Милошевски и Јане Спасиќ
Дизајн на плакат: Немања Трајковиќ
Преку црн ирски хумор „Осамениот запад“ раскажува приказна за двајца браќа кои под влијание на околностите имаат особен начин на гледање на реалноста и специфичен однос. Линејн е мало место кое морално ги корумпира своите жители, дури и Отецот/ Пасторот е немоќен да ги врати работите на „прав пат“. Единствената шанса е можеби во младата Грлин, но тоа останува да видиме.
Оваа претстава е поддржана и реализирана како дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.
Овој програм на Театарот Навигатор Цветко и Кино Култура – простор за современи изведувачки уметности и култура се поддржани од општина Центар и Министерството за култура на Р.Македонија.
Реприза на претставата на 3 ноември 2018 во 20 часот.
Билети може да се купат во просториите на Кино Култура (Луј Пастер бр. 3, Скопје) по цена од 300 денари во:
четврток, 13.00-17.00 часот
петок, 13.00-20.00 часот
сабота, 18.00-20.00 часот
EN» @02.11.2018 @20:00
Friday, November 2, 2018, at 20:00 h., the premiere of the “The Lonesome West” by Martin McDonagh will be held at Kino Kultura, as part of the Kino Kultura Program.
Directed by: Jane Spasikj
Cast: Oliver Mitkovski, Nenad Mitevski, Dragan Dovlev, Mateja Jankovska
Design: Enes Deari
Costume design: Brankica Jordanovska
Translation of the text: Gorjan Miloshevski and Jane Spasikj
Poster design: Nemanja Trajkovikj
Through black Irish humor, the “The Lonesome West” tells a story of two brothers who, under the influence of circumstances, have a particular way of seeing reality and a specific relationship. Leenane is a small place that morally corrupts its inhabitants, even the father / pastor is powerless to return things to a “straight path”. The only chance is perhaps with the young Grulin, but it remains to be seen.
This play is supported and realized as part of the project “Create a place for young theater workers”, with which the Theater of the Navigator Cvetko and Kino Kultura are aimed at stimulating new theater production and encouraging young authors.
This program of the Theater Navigator Cvetko and Kino Kultura- a space for modern performing arts and culture are supported by the Municipality of Centar and the Ministry of Culture of the Republic of Macedonia.
Reruns of the performance on November 3, 2018 at 20:00.
Tickets can be purchased in Kino Kultura (Louis Pasteur No. 3, Skopje) for the price of 300 MKD in:
Thursday, 13.00-17.00
Friday, 13.00-20.00
Saturday, 18.00-20.00