EN↓ 20.11.2018 @20:00
Со задоволство прогласуваме дека јавниот конкурс „Ремиксувај ја својата културна стварност“ заврши синоќа на полноќ. На наша адреса пристигнаа голем број редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела, кои во претстојниот период ќе бидат евалуирани од организацискиот тим на проектот и од надворешно ангажираните стручни лица.
Што ќе се случува на завршниот настан?
• Видео презентација на најиновативните редизајни од конкурсот.
• Јавна дебата на тема „Новите медиуми и авторските права помеѓу криминализацијата и културната виталност“, во која ќе учествуваат Nebojša Vilić, Sead Džigal и Vangel Nonevski, а модератор ќе биде Jordan Šišovski.
• Јавно прогласување на победниците на конкурсот и врачување на осумте награди. Да потсетиме: предвидени се три главни награди (прва 12.000 денари, втора 9.000 денари и трета 6.000 денари) и пет почесни. Сите осум наградени ќе добијат по две нови книги: Киборшка естетика на Вангел Ноневски и Дедлајна, љубов моја! на Vladimir Lukash.
• Продажба на книгите Киборшка естетика, Дедлајна, љубов моја! и Грамофонот како метаинструмент по промотивни цени.
• Дружење со коктел и фанки-шизи-грув музика.
Целиот овој период нашата идеја-водилка беше дека, со текот на времето, уметничките дела и културните производи се здобиваат со нови значења и, со тоа, стануваат подложни на нови модуси на исчитување. На тој начин, тие влегуваат во амбиент во кој им е потребна креативна реконтекстуелизација. Во историјата на современата уметност бројни се примерите кога дела од културното наследство се пренаменуваат во нови контексти, со што, не само што во нив се наоѓаат значења кои претходно биле скриени или отсутни, туку и се нагласува нивната виталност, релевантност и квалитет.
Ремикс културата е веројатно најрепрезентативниот дискурс кој виталноста на културата ја лоцира во можностите културните производи од минатото слободно да се пренаменуваат, преисчитуваат, реконтекстуализираат. Наоѓајќи дека македонската култура веројатно отсекогаш била вовлечена во постојан микс и пренамена на повеќе култури и влијанија, сметаме дека нашите културни производи треба да си го најдат своето место во веројатно најинклузивниот и најинтегративниот културен дискурс на денешницата – ремиксот.
Проектот „Ремиксувај ја својата културна стварност“ е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
EN»
We are pleased to announce that the public competition “Remix Your Cultural Realities” ended midnight last night. Many posters for Macedonian films, covers of music albums and literary works have arrived at our address, which in the forthcoming period will be evaluated by the organizational team of the project and outsourced experts.
What will happen to the final event?
• Video presentation of the most innovative redesign from the competition.
• A public debate on the topic “New Media and Copyright between Criminalization and Cultural Vitality”, which will be attended by Nebojša Vilić, Sead Džigal and Vangel Nonevski, while moderator will be Jordan Šišovski.
• Publicly announcing the winners of the competition and handing over the eight awards. Recall: three main prizes are foreseen (first 12,000 denars, second 9,000 denars and third 6,000 denars) and five honors. All eight rewarded will receive two new books: Kiborg aesthetics of Vangel Nonevski and Dedlain, my love! of Vladimir Lukash.
• Selling books Kiborg aesthetics, Dedicated, my love! and the gramophone as a meta-tool at promotional prices.
• Friendship with cocktail and funky-shy-rough music.
The project “Remix your cultural reality” is financially supported by the Ministry of Culture of the Republic of Macedonia.