EN↓ 13.02.2019 @11.00- 13.30
#Перспективи2019 – голема конференција за македонските перспективи
Ексклузивни говорници и провокативни теми:
– Меѓу надежите и реалноста
– Историски завршници и отворање на новите перспективи
Со можност за учество на секој присутен на конференцијата.
Влез: слободен.
Излез: возможен.
Пожелно е присуството да се најави со директна порака на ФБ профилот на ЦИВИЛ или мејл: civil@civil.org.mk со назнака: НАЈАВА ЗА ПРИСУСТВО.
***
ЦИВИЛ – Центар за слобода организира голема национална конференција #Перспективи2019 на 13 февруари, во Кино Култура, со почеток во 11 часот. Конференцијата ќе ја отвори германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих, а како говорнички и говорници ќе учествуваат видни интелектуалци и експерти, лидери во граѓанското општество и високи политичари.
Конференцијата #Перспективи2019 е посветена на македонските општествено-политички и економски перспективи. По воведната сесија, следат сесиите: „Меѓу надежите и реалноста“ (посветена на општествено-политичките процеси и економските прашања) и „Историски завршници и отворање на новите перспективи“ (Евроатлантски интеграциски процеси), додека во четвртата сесија очекуваме коментари и прашања од сите присутни на различни теми.
Изборот на темите и агендата на Конференцијата се направи врз основа на анализите, интервјуата и колумните на голем број носители на одлуки, како и авторки и автори што се дел од медиумската продукција, мониторингот и анализите на ЦИВИЛ во изминатиот период.
Настанот е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
EN» 13.02.2019 @11.00- 13.30
#Перспективи2019 – big conference for Macedonian perspectives
Exclusive speakers and provocative topics:
– Among the hopes and the reality
– Historical finishes and opening new perspectives
CIVIL – Center for Freedom is a human rights NGO from the Republic of Macedonia.
More details about the event: https://www.facebook.com/events/250611042499268/