@19.02.2019 @11:00
Почитувани медиуми, пријатели, соработници, колеги,
Ве покануваме на прес конференција во вторник (19 февруари) во 11.00 часот во Кино Култура на која ќе ги претставиме нашите барања за сериозен третман кон културата и уметноста во земјава!
Оваа инцијатива е поттикната од резултатите од „Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2019 година” и актуелните состојби во Министерството за култура кои повторно ја предочија потребата од посериозно системско планирање и развој на култура и надминување на нетранспарентниот и непрофесионален однос со неа.