„ОСАМЕНИОТ ЗАПАД“ од Мартин МекДона
05.03.2019, вторник, 20 часот
06.03.2019, среда, 20 часот
07.03.2019, четврток, 20 часот
Кино Култура
Театар навигатор Цветко
Режија: Јане Спасиќ
Играат: Оливер Митковски, Ненад Митевски, Драган Довлев, Матеа Јанковска
Сценографија: Енес Деари
Костимографија: Бранкица Јордановска
Превод на текстот: Горјан Милошевски и Јане Спасиќ
Дизајн на плакат: Немања Трајковиќ
Преку црн ирски хумор „Осамениот запад“ раскажува приказна за двајца браќа кои под влијание на околностите имаат особен начин на гледање на реалноста и специфичен однос. Линејн е мало место кое морално ги корумпира своите жители, дури и Отецот/ Пасторот е немоќен да ги врати работите на „прав пат“. Единствената шанса е можеби во младата Грлин, но тоа останува да видиме.
Мартин МекДона, еден од најдобрите автори на Британската современа драма, на пошироката јавност познат и по своите филмови “In Bruges”, “Seven Psychopaths” и “Three billboards outside Ebbing, Missouri“ за кој ја доби наградата за оригинално сценарио на Златен Глобус, а за истото беше номиниран за Оскар во 2018. Kариерата ја започнува како драмски автор и прави бум во Лондон со двете трилогии за земјата од која потекнува – Ирска. Четири негови драми меѓу кои и „Осамениот запад“ се номинирани за најпрестижната театарска награда „ТОНИ“. Тој е првиот драмски автор, по Шекспир, кому во Лондон истовремено му се изведуваат 5 драмски дела. „Осамениот запад“ е своевиден крај на неговата прва трилогија сместена во малото ирско гратче Линејн.
Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.
Проектот е поддржан од општина Центар и Министерството за култура на Р.Македонија.
Претставата е камерна со 80 седишта.
Билети може да се резервираат на kinokultura2015@gmail.com и да се подигнат во просториите на Кино Култура (Луј Пастер бр. 3, Скопје) половина час пред почетокот на претставата, по цена од 300 денари.