Филмска проекција и панел-дискусија „Тото и неговите сестри”

@22.03.2019 @18:00

Филмот е уметност кој има моќ да предизвика емпатија, емоционално врзување со актерите и препознавање на своите карактеристики кај другите, но и да побуди активизам кај поединецот или групата.

Токму затоа, HERA, со поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија, ве поканува на проекцијата на филмот „Тото и неговите сестри”, дело на романскиот режисер Александар Нанау. Снимен во 2014 година, филмот досега е добитник на многу меѓународни награди меѓу кои и француска награда за култура во категорија студентско кино на Канскиот филмски фестивал.

Тото и неговите сестри се оставени сами на себе, но можат да изберат да одат по патот на нивната мајка, вујковците и нивните пријатели кои препродаваат дрога или да ги прифатат предизвиците и преку одбегнување на пороците, чекор по чекор да излезат од кругот на сиромаштијата и да се упатат кон успехот.

Ова 90-минутна филмска приказна ќе ја прикажеме двапати – на 15 март (петок) во Центар за култура Битола, па на 22 март (петок) во скопското Кино Култура. Почетокот на проекциите е закажан за 18 часот, а влезот е бесплатен.

По проекциите ќе следува панел-дискусија со влијателни личности од областа на здравството со кои ќе поразговараме за – и се надеваме, ќе влијаеме врз – негативните наративи кон Ромите генерално, а особено во здравствените установи.

Повелете!