EN↓@25.03.2019 @20:00
Групата за перформанс Кунстверкштат на Младински образовен форум ве поканува на 25-ти март 2019 (понеделник) во Кино Култура со почеток во 20:00 часот да ја проследите петата изведба на претставата „Немам каде да се вратам“ и воедно заедно да го прославиме јубилејниот 5-ти роденден на групата.
Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде.
Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од кое што бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји.
Останете по претставата да помуабетиме и заедно со музиката на The DD’s да го прославиме роденденот на групата.
Текст: Милош Андоновски
Режија: Дени Стојанов
Во претставата играат:
Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ива Цветановска, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска.
Влезот за претставата е бесплатен.
За групата Кунстверкштат:
Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на театарот, друштво без граници на креативност, посветеност и младинска критичка мисла. Во мај 2017 претставата „Илустрации за тоа како новата идеја го запрепастува човекот кој не е подготвен за неа“ ја освои Гран при наградата „Васил К. Ќортошев“ за најдобра претстава на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија во Кочани.
Групата започна со работа во февруари 2014 како интерактивна работилница за перформанс и досега има настапувано на повеќе настани како „Кој се плаши од молкот лош?“, конференцијата за друштвени медиуми и активизам ENGAGE, Skopje Creative Hub, окупацијата на УКИМ „Автономна зона“, како и самостојните изведби на своите перформанси и претстави. Во 2015-та година, групата ја одигра претставата „Ненаучена лекција“ во пет градови во Македонија: Скопје,
Велес, Неготино, Струга и Тетово. Во периодот февруари- мај 2016 членовите на групата се приклучија кон проектот „Во чевлите на бегалците“, како дел од перформансот „Нивниот пат“.
Претставата е во продукција на Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH. Претходните 3 изведби на претставата беа поддржани од проектот „Бегалец сега- Човек секогаш“ на УНХЦР, заедно со организациите Центар за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој – Центар РЕД.
En>
The Kunstwerkstatt Performance Group invites you to the Youth Educational Forum on March 25th, 2019 (Monday) at Kino Kultura, starting at 20:00, to watch the fifth performance of the play “I have nowhere to go back” and simultaneously we celebrate the jubilee 5th birthday of the group.
The play “I have nowhere to go back” is a performance of wandering Syrian refugees. To wander is to mean to search, to escape, and in this play it means to find.
What the characters in this play find is their own attitude towards what they are running away from. The action takes place in one of the refugee camps in Macedonia and after the characters will face their late storms, they continue their journey to one of the European countries.
Stay after the show to share and together with The DD’s music to celebrate the group birthday.
Text: Milos Andonovski
Directed by: Deni Stojanov
Cast:
Angel Tanevski, Vlatko Jovanovski, Iva Cvetanovska, Ivona Kuzmanovska, Jana Bungieva, Marina Tanevska, Petar Mukoski, Srna Dukovska, Tina Spirovska, Filip Hristovski and Hristina Mircevska.
The entrance to the play is free.