Театарска претстава “Како се прави човек” – колективно авторство

@02.04/03.04/04.04.2019 @20:00

Оваа сезона во Театар на навигаторот Цветко, претставата КАКО СЕ ПРАВИ ЧОВЕК – колективно авторство.

02.04.2019, 20:00 //
03.04.2019, 20:00 //
04.04.2019, 20:00 //

Изведбата на 04.04.2019 е дел од фестивалот „Лица без маски“ https://bit.ly/2OpH5gU.

Можете да резервирате билети на нашата меил адреса kinokultura2015@gmail.com или преку нашата ФБ страна во inbox.
Цена на билет: 200 денари

Театар Навигатор Цветко
Кино Култура

„КАКО СЕ ПРАВИ ЧОВЕК“

Режија: Хана Миленковска

Драматург Горјан Милошевски

Играат:
Наталија Теодосиева,
Исидор Јованоски,
Чедомир Митевски,
Зоран Митровиќ

Текст:
Колективно авторство
Кореографија:
Валентино Апостоловски
Музика:
Гаврило Миловановиќ

Фото: Сашо Алушевски

Нашиот вид се наоѓа пред крстопат. Процесираме повеќе дразби, повеќе чувства од било кога досега. Новиот човек е преморен од сведочење ужас и неправда, преоптеретен со болката на целиот свет одеднаш. Анксиозен и апатичен, истовремено.
Ние, се собравме под една заедничка кауза. Да зборуваме за тоа дека ранливоста е доблест, дека сочувствителноста е двигател на новите процеси низ кои треба да поминеме.
Дојдовме до сознание дека оваа претстава е само почеток на еден долг процес за секој од нас поединечно. Процес на прифаќање. Прифаќање на личните трауми, на механизмите за заштита кои ги создаваме, на сопствената резигнираност.
Сега останува да видиме дали нашите сознанија се релевантни за нашата публика, нашите солуѓе. Дали некој ќе пронајде смисол во сочувството.

Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.

Проектот е поддржан од општина Центар и Министерството за култура на Р.Македонија.


EN»

This season in the Theater of the Navigator Cvetko, the play HOW TO MAKE A MAN  – collective authorship.

04/02/2019, 20:00 //
04/03/2019, 20:00 //
04/04/2019, 20:00 //

The performance on 04.04.2019 is part of the festival “Faces without Masks” https://bit.ly/2OpH5gU.

You can book tickets to our email address kinokultura2015@gmail.com or through our FB inbox.
Ticket price: 200 denars

Theater Navigator Flower
Cinema Culture

“HOW TO МАКЕ A MAN”

Directed by: Hana Milenkovska

Dramatist Gorjan Miloshevski

Playing:
Natalia Theodosieva,
Isidor Jovanoski,
Cedomir Mitevski,
Zoran Mitrovic

Text:
Collective authorship
Choreography:
Valentino Apostolovski
Music:
Gavrilo Milovanovic

Photo by Saso Alushevski

Our species is at the crossroads. We process more stimuli, more feelings than ever before. The new man is tired of witnessing horror and injustice, overwhelmed with the pain of the whole world at once. Anxiety and lumpy, simultaneously.
We, we have gathered under a common cause. Let’s say that vulnerability is virtue, that compassion is the driving force of the new processes that we need to go through.
We have come to the realization that this play is just the beginning of a long process for each of us individually. Acceptance process. Accepting personal traumas, the mechanisms of protection we create, on our own resignation.
Now it remains to see whether our knowledge is relevant to our audience, our comrades. Does anyone find meaning in compassion?

This play is part of the “Make a Place for Young Theaterers” project, with which the Theater of Navigator Cvetko and Cinema Culture aim to encourage new theater production and affirm young authors.

The project is supported by the Municipality of Centar and the Ministry of Culture of the Republic of Macedonia.