Гостување – КОКОШКА по А.П.Чехов и Николај Кољада

EN↓@05.04.2019 @20:00

КОКОШКА по А.П.Чехов и Николај Кољада

адаптација и режија: Ана Батева
музика: Стефан Здравески

играат: Васил Дуев и Василена Винченцо

Темата за слободниот дух на човекот е често среќавана тема во творештвото на А.П.Чехов. Така и нашите ликови – Нина Заречнаја и Александар Тимофеевич, заминуваат за “големиот град“, вљубувајќи се еден во друг и наоѓајќи ја својата лична слобода во уметноста. Но она со што тие треба да се соочат во “големиот град“ се лажливите пријателства и “вештачкото“, но многу „арт“ опкружување.

Но што се случува кога „слободата“ ќе го напушти духот на човекот и имено тоа стане причина за распуштено однесување, за смелост кон тривијално творечко изразување и живеење придружено од материјализмот, од “надворешното”, од “формата“, од кичот и желбата за шумна слава? И се’ тоа на секоја цена.

По тој повод Чехов би додал: “Многу ми е жал за луѓето кај нас – толку се сите несреќни, толку се осамени и толку многу ги оштетила зависта – цела мизерија! Родени роби, сите се умилкуваат, готови се да ги бакнуваат нозете и да ги лижат петиците на претпоставените! Колку е само тоа лажно и непотребно!“, а Николај Кољада би додал: “Луѓето на уметноста – се вештачки!“

Заслужувајќи го своето добро име и место во современата руска култура – Николај Кољада е нарекуван и споредуван како “Чехов на нашето време“. Кољада зборува со бескомпромисен јазик за интригите во театарските средини, за недостатокот на култура во културата, за “еднодневните“ и “лесни“ претстави со лош квалитет и за потребата од критика. А можеби уметноста денес има потреба точно од тоа?

“Кокошка“ е првата претстава на новосоздадената организација за театар SPAM studios, а на интернационалниот театарски фестивал во Приштина (Косово) ги добиваат и првите награди – за најдобра режија на Ана Батева и за најдобра претстава.


EN»

HEN by A. P. Chekhov and Nikolay Kolyad

adaptation and directing: Ana Bateva
music: Stefan Zdraveski

actors: Vasil Duev and Vasilen Vincenzo

The theme of man’s free spirit is a frequently encountered topic in the work of AP Chekhov. So our characters – Nina Zarechnaya and Aleksandar Timofeevich – go to the “big city”, fall in love each other and find their personal freedom in art. But what they have to face in the “big city” are lying friendships and “artificial”, but very “art” surroundings.

But what happens when “freedom” leaves the spirit of man, and therefore it becomes the cause of loose behavior, for boldness towards trivial creative expression and living accompanied by materialism, from the “outer”, the “form,” from the kitsch and the desire for noisy glory? And it’s at all costs.

On this occasion, Chekhov would add: “I am very sorry for the people here – so are all unhappy, so lonely and so much damaged envy – a whole misery! Born slaves, they are all cuddling, ready to kiss their feet and lick the heels of their superiors! How futile and unnecessary it is! “, And Nikolai Kolyada would add:” The people of art – are artificial! ”

Deserving his good name and place in contemporary Russian culture – Nikolay Kliad is named and compared to “Chekhov of our time”. Kolaja speaks with an uncompromising tongue for intrigue in theater settings, lack of culture in culture, “one-day” and “light” performances of poor quality and the need for criticism. Or maybe art today needs exactly this?

“Hen” is the first performance of the newly created SPAM studios theater, and at the international theater festival in Pristina (Kosovo) they receive the first awards – for the best director of Ana Bateva and for the best performance.