Interactive Music Lab – Gebrüder Teichmann & Kanton6 Trio

EN↓14.05-17.05.2019

Интерактивна музичка лабораторија
Работилница за креирање на звук и електронска музика и импро-сесија во живо
Gebrüder Teichmann [Берлин] & Kаnton6 Trio [Скопје] 14-17 мај 2019 / работилница
17 мај 2019 во 19.30 часот/ јавна импро-сесија
Кино Култура

Од 14 до 17 мај, со поддршка на Гете Институтот во Скопје, Локомотива ќе биде домаќин на пионерите на електронската музика и звук од Берлин – Gebrüder Teichmann кои во соработка со реномираниот скопски електронски колектив Кантон6 Трио ќе реализираат тридневна работилница која ќе резултира со јавна импро-сесија во Кино Култура на 17 мај во 19.30 часот.

Музичари
Gebrüder Teichmann >> Andi и Hannes Teichmann
Kаnton6 Trio >> Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки

Со цел да се задржи креативниот простор што е можно поширок, музичките уметници понекогаш создаваат нивни сопствени „звучни машини“ преку користење, реформирање и репрограмирање на различни аналогни машини поврзани со дигитален софтвер, компјутери и инструменти. Интерактивната музичка лабораторија е насочена кон процесот на уметничкото творештво, и нуди платформа за размена и соработка на професионални музичари од Германија и Македонија. Проектот има за цел да создаде отворен работен процес за креирање на електронска музика и звук, базиран на споделување на знаења и применети методи и техники од различни музичари во процесот на продукција и развој на композиција. Во форма на музичка лабораторија организирана во Кино Култура, музичарите ќе создадат платформа за работа, еден вид на отворено студио во кое аналогна, дигитална опрема и класичен инструмент (тромбон) ќе се користат во процес на ко-креирација. Тоа ќе создаде ново знаење или музички скор, во кој ќе се истражуваат модалитетите на звучната (ре)продукција во живо, со комбинација на ”живи” и генерички инструменти и нивните меѓусебни каузалности во процесот на компонирање и изведување. Резултатите од 3-дневната работна сесија ќе бидат претставени пред јавноста како импро-сесија во живо, на 17 Мај 2019 во Кино Култура.

Кратки биографии:
Gebrüder Teichmann, браќата Andi и Hannes Teichmann се активни музичари, диџеи и културни активисти. Тие почнаа да навлегуваат во светот на музиката во 1989 год. на возраст од 9 и 12 години, со нивниот панк бенд Totalschaden, се до крајот на 90тите кога ја откриваат електронската музика и стануваат дел од андерграунд сцената во Берлин. Заедно и посебно тие имаат соработувано со различни дискографски куќи како Kompakt, Ladomat, Killekill, Staubgold, Soundway, Outhere или Disko B, вклучувајќи ги и сопствените Festplatten, Teichtracks и NOLAND. Нивната работа не е ограничена со стилски или жанровски граници. Многуте соработки со уметници од широк спектар на жанрови, од хип хоп до класична музика, од традиционална до експериментална музика итн. им овозможуваат постојано да ги прошируваат нивните можности за настапи во живо и импровизации во електронската музика, како и да создаваат мостови помеѓу музичари со различна позадина. Во областа на современата музика тие имаат работено со ансамбли како Ensemble Modern, Ensemble Decoder, Omnibus Ensemble и композитори како Moritz Eggert или Leopold Hurt. Како дел од повеќе мрежи, браќата Тајхман имаат развиено интеркултурни проекти во соработка со Гете Институт ширум светот, меѓу кои: BLNRB Ten Cities, Karachi Files, Soundcamp Sri Lanka или Mondmaschine. Тие се јавуваат како куратори за неколку фестивали во Берлин како што се Worldtronic фестивал (Haus der Kulturen der Welt), Африканската музичка конвенција, Авганистанската култура (Auswärtiges Amt), или три дневниот фестивал “From Inside To Way Out / Perspectives from Contemporary Pakistan” во HAU, Hebbel am Ufer.

Кантон6 е пионерски музички проект, предвесник на инди-техно-рок кросоверот во Македонија. Веројатно највозбудливиот музички микс во последната деценија, кој настана врз потребата да се музицира еклектично и со став, но тој став да биде базиран на цврст танцов бит (како наследство од последните 2 и пол техно декади) и изнесен во клубовите и на концертите. Кантон6 датира од 2000та година и е пред се интелектуален производ на Синиша Евтимов – еден од водечките современи македонски режисери и Мирко Попов – сеприсутен на нашата сцена како диџеј, композитор/продуцент, издавач и музичар воопшто. Од раниот период датираат неколку поединечни песни, од кои највеќе се истакнува “Rockaroundtheclock” вртена на Канал 103 и издадена на компилацијата Зависна Листа.Мк – песна поради која од македонската музичка критика се наречени “one hit wonder”. Можеби токму ослободувањето од овој таг е причината за реактивирањето на Кантон6, чија работа беше во втор план за Синиша и Мирко – можеби највеќе поради креативната презафатеност со нивниот бенд ПМГ Колектив. Сепак, очигледно е дека креативноста ја прелева чашата и работите се одвиваат позитивно за Кантон6. Следат рафални ЕП изданија во многу краток рок, а деби албумот “Чил Фолк” излегува во 2011 година. Вториот албум “Деца на МРТВ” излегува во 2013 и е пропратен со обемна промотивна концертна активност. Во годините кои следат, Кантон6 се трансформира во вистинска лајв-техно атракција, што е навистина ретка појава на овие простори. Всушност целиот концепт на бендот се движи во правец на концертна импровизација, со звучни резултати кои ја изненадуваат публиката, но и самите автори. Во моментов бендот работи на третиот по ред студиски албум под работен наслов “Џезус”, за кој соработува со џез музичари.

ВЛАДАН ДРОБИЦКИ –Тромбон
Роден 1971 во Јесеник, Чешка Република. Основно музичко образование завршува во МБУЦ-Илија Николовски-Луј, каде матурира. Дипломира тромбон во класата на проф. Јорго Стефановски. Почнува со работа во оркестарот на Македонската Опера на место прв тромбон. Во исто време го основува џез бендот Сетстат со кој остварува до сега 8 (деветтото е пред печатење) авторско-самостојни изданија. Долгогодишен член на ревискиот оркестар на МРТВ, а последните години и неформален шеф на ансамблот. Член на Градскиот дувачки оркестар на град Скопје. Основач на Прилеп Џез Викенд фестивал и селектор на програма на истиот до 2017 год. Долгогодишен член на УО на ММИ (агенција за остварување на изведувачки и продуцентски права во РМ). Член на оркестарот на ЗЈМ. Активен како музичар-тромбонист во бендот Сетстат, со кој ја промовира џез музиката низ помалите градови на Р. Македонија. Искуството насобрано во работа со големи формации, го прави идеален за носител на проект во кој музиката во која самиот е еден од авторите (СЕТСТАТ), би се преточила во музика за поголема формација, а композициите би останале како пишано наследство за идните генерации.


EN» 14.05.-17.05.2019
Interactive Music Lab
electronic sound workshop and impro live session
Gebrüder Teichmann [Berlin] & Knton6 Trio [Skopje] 14-17 May/ workshop
17 May – 19.30h/ impro live session
Kino Kultura

From 14 till 17 May, with the support of Goethe Institute in Skopje, Lokomotiva will host the electronic sound pioneers from Berlin – Gebrüder Teichmann who will perform a three days’ workshop with the most prominent electronic collective from Skopje – Kanton6 Trio, after which a live impro session will be presented for the public in Kino Kultura on 17 May 2019 at 19.30h.

Musicians
Gebrüder Teichmann >> Andi and Hannes Teichmann
Knton6 Trio >> Mirko Popov, Sinisha Evtimov and Vladan Drobicki

Aiming to hold the creation space as wide as possible, the music artists sometimes create their own “sound machines” by using, reforming and reprogramming different analogue machines, connected with digital software, computers and instruments. Interactive Music Lab is developed so it can support the process of artistic creation by offering a working platform for exchange and collaboration of professional musicians from Germany and Macedonia. The project aims to create an open working process for sound and music creation based on sharing knowledge and applied methods and techniques in the process of production and development of composition, used by different musicians. In a form of music LAB organised in Kino Kultura, the musicians will create an open studio working platform whereas using their classic (trombone), analogue and digital instruments and equipment will be engaged in a join process of live sound and music creation. This process will create new knowledge, by investigating the modalities of live sound (re)production coming from a live and generic instruments and their mutual causalities in the process of composing and performing. The results for a 3-days working session will be presented as live impro performance organised in Kino Kultura on 17 May 2019.

Short biographies of the musicians:
Gebrüder Teichmann, the two brothers Andi and Hannes Teichmann, are active musicians, Djs and cultural activists. They started getting into music in 1989 at the age of 9 and 12 years with their punk band Totalschaden before they discovered electronic music and became an active part of the Berlin underground scene since the late 90s. Together and solo they have released on various labels, such as Kompakt, Ladomat, Killekill, Staubgold, Soundway, Outhere or Disko B and their own labels Festplatten, Teichtracks and NOLAND. Their work is not limited by style or genre borders. Many collaborations with artists from a wide range of genres, from hip hop to classical music, from traditional to experimental music etc. allowed them to constantly widen their possibilities of live performance and improvisation in electronic music as well as creating bridges between musicians from different backgrounds. In the field of contemporary music they´ve worked with ensembles as Ensemble Modern, Ensemble Decoder, Omnibus Ensemble and composers as Moritz Eggert or Leopold Hurt. As networkers the brothers developed intercultural projects in cooperation with Goethe Institutes around the world, such as BLNRB, Ten Cities, Karachi Files, Soundcamp Sri Lanka or Mondmaschine. They curated nights for several Berlin Festivals like Worldtronic Festival (Haus der Kulturen der Welt), Africa Music Convention, Afghanische Kulturwochen (Auswärtiges Amt), or the 3 days Festival “From Inside To Way Out / Perspectives from Contemporary Pakistan” at HAU, Hebbel am Ufer.

Kanton6 is a pioneering musical project, a herald of indie-techno-rock crossover in Macedonia. Probably the most exciting musical mix in the last decade, which arose from the need to play eclectically and with an attitude, based on a firm beat (as a legacy of the last two and a half techno decades) and brought to the clubs and concerts. Kanton6 works from year 2000 and is primarily an intellectual product of Sinisha Evtimov – one of the leading Macedonian contemporary theater directors and Mirko Popov – present on our scene as a DJ, composer/producer, publisher and musician in general. From their early period presenting several songs, the most notable being “Rockaroundtheclock”, played on the Radio Channel 103 and released on the compilation ZavisnaLista.Mk – a song that is referred to as “one hit wonder” from the Macedonian music critic. Perhaps the release of this tag is the reason for the reactivation of Kanton6. However, it is obvious that creativity pours the glass and things take place positively for Kanton6. In a very short term follow the burst EP editions, and the debut album “Chill Folk” was released in 2011. The second album “Children of MRTV” came out in 2013 and is accompanied by a great promotional concert activity. In the years to come, Kanton6 is turning into a real cast-techno-attraction, which is a rare occurrence in these areas. In fact, the whole concept of the band is moving in the direction of concert improvisation, with sound results totally surprising the audience, but also the authors themselves. At the moment, the band is preoccupied with their third studio album under the working title “Jazzus”, for which they collaborate with jazz musicians.

Vladan Drobicki -Trombone
Born 1971 in Jesenik, Czech Republic. He completed primary music education at MBUC-Ilija Nikolovski-Luj in Skopje, where he graduated trombone in the class of prof. Jorgo Stefanovski He starts working in the orchestra of the Macedonian Opera as a first trombone. At the same time, he starts a jazz band Sethstat and releases 9 albums so far. A long-time member of the Macedonian RadioTV revial orchestra and for the last several years an informal head of the ensemble. Member of the City brass band of the City of Skopje. Founder of Prilep Jazz Weekend Festival and program selector of the until 2017. A long-term member of the Management Board of the MMI (Agency for Realizing Performance and Production Rights in the Republic of Macedonia). Member of the ZJM Orchestra. Active as a musician-trombonist in the band Sethstat, which promotes jazz music through the smaller cities of the Republic of Macedonia. Co-owner of PMG Jazz label which started in 2018 and releases and promotes contemporary Macedonian jazz music.