Engage – Social Activism Conference 2019

EN↓ 18.05.2019, 12:00

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на осмото издание на ENGAGE – Kонференција за социјален активизам. Со 10 говорници, 300 гости во публика и видео-пренос, ENGAGE и оваа година ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуалци, групи и организации чија цел е да го подобрат општетството во кое живееме.

На 18 мај (сабота) 2019 со почеток од 12:00 часот, во Кино Култура – Скопје, по осми пат, домашни и странски активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, социјална правда, животна средина, човекови права, права на животни, култура и можностите за граѓанска мобилизација. Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност кај граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор.

Говорници:

Енди Батентие, ко-организатор на маршевите против климатски промени во Париз и дел од жолтите елеци, на ENGAGE 2019 ќе ја раскаже приказната на младите Французи што се дел од последните социјални и еколошки движења во оваа земја.
Од соседна Србија, доаѓаат Јелена Анасоновиќ и Миодраг Симовиќ од движењето #1od5milliona, како организатори на масовните антивладини протести што ја тресат земјата. Тие ќе зборуваат за тоа како и само еден човек може да започне протести на кои ќе излезат милиони луѓе.
Ловро Крсник ќе ја раскаже приказната за иницијативата #ИПонатамуЧитам, која се роди како протест поради укинувањето на лектирите како Дневникот на Ана Франк, Малиот принц и Пипи Долгиот Чорап во Хрватска.
Активистката за човекови права од Ковосо, Љуљета Алиу, доаѓа да зборува на темата: „Жените не се сопственост: Економското насилство како семејно насилство“.
Ирена Ристиќ, од #НеБидиЃубре која сака нашата земја да стане најчистата земја во светот.
Симона Димковска и Мартин Анастасовски од Културно Ехо ќе говорат за потенцијалот на напуштените простори.
Виктор Мазнев кој својот дом го направи прифатилиште за напуштени кучиња во Велес.
Никола Јовановски ќе презентира за македонското #FridaysForFuture
Радован Петровиќ и Горјан Стојковски од Специјална олимпијада ќе го споделат своето искуство од Светските олимпски игри на Специјалната олимпијада 2019.
Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Скопје, чија цел е забава и едукација низ уметноста.
Листата на говорници сѐ уште не е затворена, stay tuned.

Регистрацијата за настанот е отворена, а можност за учество ќе имаат првите 200 пријавени учесници за конференцијата. Сите информации за ENGAGE можете да ги најдете на веб страната на конференцијата engage.mk.

Во изминатите осум години ENGAGE стана еден од најголемите собири за поединци и заедници во нашата земја и тоа е единствениот настан за активизам кој е организиран континуирано секоја година. Настанот нуди место за дискусија, иновација, креативност, зајакнување и развој во нашето општество и отвора дебата за статусот на слободата, правдата и еднаквоста, човековите права, младинските прашања и развојот на модерната демократија.

Овогодинешниот Engage е еден од серијата настани со кои ќе се одбележи 20 годишнината на Младински образовен форум. Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.


EN» 18.05.2019, 12:00

Youth Educational Forum and Radio MOF invite you to the eighth edition of ENGAGE – Social Activism Conference. With 10 speakers, 300 guests in the audience and video-transmission, ENGAGE will also provide education, interaction and inspiration for individuals, groups and organizations whose goal is to improve the society we live in this year.

On May 18 (Saturday) 2019, starting at 12:00 pm, in Kino Kultura – Skopje, for the eighth time, domestic and foreign activists will share knowledge and experiences on topics related to civic engagement, activism in public space, freedom of speech, social justice, environment, human rights, animal rights, culture and opportunities for civil mobilization. Through ENGAGE, MOF and Radio MOF, they strive to raise the level of information among citizens, their presence and active action, both online and in the physical space.