Дебата за границите меѓу слободата на говор и говорот на омраза

EN↓ 05.06.2019 @ 20.00-22.00

Почитувани, со задоволство сакаме да ве поканиме на јавната дебата „Хакирај ја омразата: Границите меѓу слободата на говорот и говорот на омраза“ во среда на 5 јуни во 20 часот, во Кино Култура. На дебатата ќе учествуваат Мирјана Најчевска (Mirjana Najchevska), Анастас Вангели и Јордан Шишовски (Jordan Šišovski), a модератор ќе биде Вангел Ноневски (Vangel Nonevski). На настанот ќе бидат врачени и наградите за јавниот конкрус „Ремиксувај го говорот на омраза“ (bit.ly/GovorNaOmraza).

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Говорот на омраза е говор или израз чија намера е да деградира, вознемири или предизвика насилство кон лица врз основа на нивната припадност кон одредена група, како што се етничка припадност, расна припадност, религија, сексуална ориентација, или друга особина. Од друга страна, слободата на говорот е загарантирана во секое демократско општество. Дали законското ограничување и казнување на говорот на омраза ја ограничува слободата на говорот? Дали воопшто можеме да зборуваме за говорот на омраза како слобода на говор? Дали казнувањето на говорот на омраза може да има спротивен ефект, претворајќи ги насилниците во ‘маченици’, или ќе ги обесхрабри во нивните намери? Која е улогата на јавното образование, јавната свест и сензибилизацијата во борбата против говорот на омраза? Како да го ‘хакираме’ говорот на омраза? Какви концептуални стратегии и контра-наративи да употребуваме за ефективна борба против говорот на омраза? Која е одговорноста на јавните личности (интелектуалци, професори, уметници, политичари, новинари…) во сензибилизација на јавноста против говорот на омраза? Овие и многу други прашања ќе се обидеме да ги поставиме и заедно да ги промислиме со учесниците на јавната дебата. Ве очекуваме!

Настанот е дел од проектот „Ремиксувај го говорот на омраза“ подржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија во изведба на АКСИОМА – Асоцијација за културна соработка и истражување – Скопје.


EN» 05.06.2019 @ 20.00-22.00

Respected,

With big pleasure we want to invite you on our debate : „Хакирај ја омразата: Границите меѓу слободата на говорот и говорот на омраза“.
Participant of the debate: Mirjana Najcjhevska (Mirjana Najchevska), Anastas Vangeli and Jordan Sisovski (Jordan Šišovski),and moderator Vangel Nonevski (Vangel Nonevski). On this event we will also share the wards of the open call : „Ремиксувај го говорот на омраза“ (bit.ly/GovorNaOmraza).

For more details: https://www.facebook.com/events/1060344264162700/