Дебата | Наративи, минато и иднина

EN↓@13.06.2019 @19:00
Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) со задоволство ја најавува дебатата: „Наративи, минато и иднина: Национализирани историографии во контекст на договорите за регионална соработка меѓу Северна Македонија, Бугарија и Грција“. Настанот ќе се одржи во „Кино Култура“, на 13 јуни 2019 година, со почеток во 19 часот.

На дебатата учествуваат историчар(к)ите:

Чавдар Маринов (Софија),
Тасос Костопулос (Атина) и
Ирена Стефоска (Скопје).

Разговорот ќе го води Кристина Николовска (Скопје).

На настанот ќе биде промовиран и зборникот на текстови „Наративите во полуавторитарни режими: случајот со Македонија – Narativët në regjimet gjysmë-autoritare: rasti me Maqedoninë“ во издание на ЦИНИК, 2018 година. Зборникот ќе го претстави Петар Тодоров (ЦИНИК). Дебатата и промоцијата се поддржани од фондацијата Хајнрих Бел.

Билатералните договори склучени помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, како и помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, одново ги извадија на површина длабоките разлики во поимањето на историските настани од страна на трите општества. Додека двата договора беа поздравени како значаен напредок во регионалната соработка од клучните актери во меѓународната заедница, јавноста во трите земји остана длабоко поларизирана во однос на својата оценка за постигнатите компромиси. Историските митови и наративи за минатото на односите меѓу доминантните етнички групи во трите држави во голема мера ја информираа националната дебата ЗА и ПРОТИВ договореното и сѐ уште претставуваат можна пречка за остварување на подлабока регионална соработка.

Сметаме дека е вистинско време за размена на мислења во однос на улогата на националните историографии во развојот на односите меѓу трите земји и нивните граѓани. Ќе се фокусираме на историските наративи – официјализирани во националните историографии и пренесени во образовниот систем – употребени во јавниот дискурс околу билатералните договори на Северна Македонија со Бугарија и Грција, од перспективата на трите општества. Ќе го отвориме и прашањето на идниот развој на историските наративи во контекст на спроведувањето на добрососедските договори. На дебатата ќе зборуваат историчарите Чавдар Маринов (Софија) и Тасос Костопулос (Атина), како и историчарката и пратеничка Ирена Стефоска (Скопје). Разговорот ќе го води историчарката Кристина Николовска (Скопје).

Дебатата ќе се одвива на македонски и англиски јазик со симултан превод на македонски, албански и англиски, а зборникот „Наративите во полуавторитарни режими: случајот со Македонија – Narativët në regjimet gjysmë-autoritare: rasti me Maqedoninë“ е достапен на македонски и албански јазик.

Ве очекуваме!


EN»
The Center for Research of Nationalism and Culture (CINIK) has the pleasure to invite you to the debate “Narratives, Past and Future: Nationalized Historiographies in the Context of Regional Cooperation between North Macedonia, Bulgaria and Greece.” The event will take place at “Kino Kultura” on 13 June 2019, 19.00.

Participants:
Tchavdar Marinov (Sofia)
Tasos Kostopoulos (Athens)
Irena Stefoska (Skopje)

Moderator: Kristina Nikolovska (Skopje)

At the event, we will also promote the volume “Narratives in semi-authoritarian regimes: the case of Macedonia” published by CINIK in 2018. The volume will be presented by Petar Todorov (CINIK). The debate and the promotion are financially supported by the Heinrich Böll Foundation.

The bilateral agreements between North Macedonia and Bulgaria, as well as between North Macedonia and Greece, brought to the fore the differences in understanding of the historical events within the three societies. While the two agreements were widely supported by the international community as a significant advancement in regional cooperation, the reactions within the three societies remained mixed. Historical myths and narratives on the relations between the main ethnic groups in the three countries affected the national debate(s) in regard to the agreements and may still represent an obstacle in achieving deeper level of regional cooperation.

We believe that it is right moment to exchange opinions on the role of national historiographies in the development of the cooperation between the three countries and their citizens. We will focus on the historical narratives – officialized through the national historiographies and transmitted through educational systems – widely used in the public discourse in regard to the agreements between North Macedonia and Bulgaria and Greece, from the perspective of the three societies. We will also address the issue of the future development of historical narratives in the context of implementation of the two agreements. The debate will be attended by the historians Tchavdar Marinov (Sofia), Tasos Kostopoulos (Athens) and Irena Stefoska (Skopje) and moderated by Kristina Nikolovska (Skopje).

The debate will be held in Macedonian and English with simultaneous translation in Macedonian, Albanian and English. The volume “Narratives in semi-authoritarian regimes: the case of Macedonia” in available in Macedonian in Albanian.

We are looking forward to your attendance!